Јовески: Се истражуваат и други недвижности за случајот „Плацеви на Водно”

Освен плацевите на Водно, за кои минатата недела обвинителство отвори истрага против поранешниот премиер Никола Груевски, првиот човек на Јавното обвинителство Љубомир Јовески вечерва во интервју за ТВ 24 рече дека се истражуваат и други недвижности во врска со овој предмет.

– Обвинителството презема дејствија во насока да се утврдат докази за тие недвижности и овие плацеви се замрзнати што значи е забрането нивно оттуѓување и располагање. Тоа се однесува за недвижностите во Скопје. Обвинителството истражува и други околности во врска со овој случај и ќе видиме до какви факти и податоци ќе се дојде во текот на истраната постапка, рече Јовески.

Воедно, тој зборуваше и за случајот „Рекет“, односно истакна дека овој судски предмет воопшто нема да влијае на случајот „Империја“.

– Немаше ниту предмет да отвориме, ако не беше пријавата. И материјалните докази, снимките беа од сведокот и тогаш беше проценка на обвинителството кој интерес е поголем. Подобро е да се отвори тој предмет, да се утврдат фактите и да се понесе кривична одговорност на оние кои ги сториле, рече Јовески.

Тој додаде дека преземањето на предметите на СЈО е за да може кривичниот прогон непречено да се одвива.

– Истрагата за „Поштенска банка” е завршена и обвинителот веќе ја известил одбраната и обвинителот работи на донесување на обвинителска одлука. Обвинителството ќе излезе и со информација и каква ќе биде одлуката на јавниот обвинител по овој предмет, рече Јовевски.

Во врска со предметот „Попис“ истрагата е завршена и обвинителката која постапува по предметот и изготвува јавно обвинителската одлука и во основа тој предмет се засноваше врз основа на прислушуваните разговори, но на обвинителството му е забрането да ги користи „бомбите“ како докази.

реклама

Симптомите на COVID-19 се јавуваат по овој редослед

Read more

Од COVID-19 почина заменик-градоначалникот на Скопје Енвер Малиќи

Read more

Пејџ Вулен: Instagram убавица која лови неверни мажи

Read more

Низ фотографии: Пеколни температури во Австралија

Read more

Хроника

Приведени двајца дилери на марихуана од Скопје

Read more

За неносење маска санкционирани 506 лица

Read more

Кривична пријава за скопјанец за лажен исказ

Read more

Обвинение за скопјанец кој со остар предмет ја усмртил својата партнерка

Read more

Вести

Во Берово утрово најстудено -11 степени

Читај повеќе

Приведени двајца дилери на марихуана од Скопје

Читај повеќе

За неносење маска санкционирани 506 лица

Читај повеќе

Протест на ВМРО-ДПМНЕ со блокада пред Влада и МНР

Читај повеќе

Се воведува редовна авиолинија Скопје-Киев

Читај повеќе

Од COVID-19 почина заменик-градоначалникот на Скопје Енвер Малиќи

Читај повеќе

Ким Џонг Ун се вакцинирал против коронавирус, тврди американски експерт

Читај повеќе

336 нови случаи на КОВИД од 1.181 тестиран, но сѐ уште висок бројот на починати

Читај повеќе

Сончево, со минимални температури до -11°C

Читај повеќе