Македонија

ЈП Водовод и канализација Goes Green со сметки на рециклирана хартија

29. јануари 2020 - 14:25 | Ф.З.

ЈП Водовод и канализација - Скопје е првото претпријатие кое ќе испорачува сметки на рециклирана, еколошка и биоразградлива хартија.

Генералниот директор на ЈП Водовод и канализација - Скопје, Душко Весковски, одржа прес конференција на која ги презентираше општествено одговорните проекти кои се реализираат во претпријатието.

„Горди сме и среќни што сме прво претпријатие во државата кое ќе испорачува сметки на рециклирана, еколошка и биоразградлива хартија“, посочи Весковски, најавувајќи го печатењето и дистрибуцијата на редизајнираните сметки на рециклирана, еколошка и биоразградлива хартија. Станува збор за околу 210.000 сметки кои месечно се испорачуваат до корисниците, односно 2.500.000 сметки кои се потецијален отпад на годишно ниво.

„Освен заложбите за реализација на капитални проекти, ЈП Водовод и канализација - Скопје работи и на воспоставување на една поинаква пракса и се надеваме позитивен пример за сите“, додавајќи дека праксата за употреба на рециклираната хартија за внатрешна и надворешна употреба е започната минатата година.

Бенефитот од замената на хартија произведена од дрво со користењето на рециклирана хартија значи заштеда од 60% на енергија и намалување на потрошувачката на вода за 15%. Преземајќи го овој чекор и со воведување на интернационалниот стандард ISO 14001, ЈП Водовод и канализација - Скопје станува „Environmentally friendly” претпријатие, а тоа значи претпријатие кое ги исполнува Европските стандарди за заштита на животната средина.

Освен стандардниот начин на добивање и плаќање на сметките, корисниците имаат можност да ги користат и online услугите достапни на web страната www.vodovod-skopje.com.mk, каде имаат можност да добијат електронска сметка и истата да ја платат преку опцијата плати брзо или како регистриран електронски корисник.

„Наша обрвска е да ја заштитиме животната средина, да ја одржуваме околината чиста, зашто чистата и здрава околина значи чиста и здрава питка вода, што е всушност и нашиот приоритет“, нагласи Весковски. Воедно, тој додаде дека дека претпријатието започнува соработка со Пакомак, како партнер во борбата за подигнување на свеста на граѓаните за значењето на рециклирањето, заштитата, правилната употреба и користење на водните ресурси, имајќи ги предвид климатските промени кои делуваат на секој сегмент во животната средина.

Генералниот менаџер на Пакомак, Филип Ивановски изразувајќи го задоволството од остварената соработка со ЈП Водовод и канализација - Скопје го најави продлабочувањето на истата преку реализација на повеќе проекти од заеднички интерес.

Фото: ЈП Водовод и канализација - Скопје

Коментирај