Јубилеј на легендарниот тјунер: Половина век AMG

Врвните модели на Mercedes не можат да се замислат без значката на AMG. Денес спортското одделение на Mercedes е основано пред 50 години како приватна фирма чии творци имале само еден сон - прво место на трките.

Сè почнало во шеесеттите години на минатиот век кога Mercedes работел на подготовките на моторот 300 SE за трки. Meѓутоа, во одреден момент, прекинати биле сите активности поврзани со автомобилскиот спорт.

Двајца вистински ентузијасти, Ханс-Вернер Ауфрехт и Ерхард Мелхер, инаку инженери кои работеле во развојниот оддел на овој мотор, решиле својата љубов кон автомобилските трки да ја надополнат во своето слободно време, преправајќи мотори по нарачка.

Таквите автомобили сопствениците ги возеле на трки, а еден од нив, инаку нивен колега, Манфред Шиек, победил со Mercedes 300 SE дури десет пати во 1965 година на германскиот шамионат DTM (Deutschen Tourenwagenmeisterschaft).

Ова било повеќе од доволна реклама за тандемот Ауфрехт-Мелхер, кои започнале независна работа со преправки и тјунирање на Mercedes автомобили.

Официјално, фирмата “Aufrecht Melcher Großaspach Ingenieurbüro, Konstruktion und Versuch zur Entwicklung von Rennmotoren” била основана во 1967 година.

Називот на фирмата доаѓа од нивните презимиња и називот на градот во кој живееле, како и додатокот во кој се наведува дека фирмата е специјализирана за развој и конструкција на тркачки мотори.

Веднаш по основањето, започнуваат со самостоен развој и набрзо стануваат многу ценети од приватните тимови кои учествувале на трките.

Пресврт во развојот на компанијата се случува во 1971 година на трката 24 часа Спа (24-Stunden Rennen von Spa) на која освоиле второ место во вкупниот пласман со Mercedes 300 SEL 6,3. Воедно, ова бил првиот автомобил кој ја носел AMG значката. Претставувал вистинско чудо бидејќи како тешка и луксузна лимузина лесно победил многу поагилни автомобили со помала маса. Оваа вест брзо се прочула во централата на Daimler-Benz во Штутгарт.

Двајцата инженери покажале дека од големиот V8 мотор може да се извлече огромна моќ и дека со него може да се ужива не само во релаксирано возење, туку и на тркачка патека. Со своите 443 коњски сили го добил називот „црвеното прасе”.

Ова привлекло многу купувачи на стандардни автомобили на Mercedes во седумдесеттите години да ги однесат на преработка во фирмата AMG.

AMG нудел неколку фази на тјунинг по желба на купувачите. На пример, AMG Mercedes 250/8 имал работна зафатнина од 2.778 ccm со 200 коњски сили кои ги постигнувал при 5.800 вртежи во минута. Во однос на стандардниот модел, тоа било зголемување на моќноста за 60 коњски сили.

Сите преправки биле вршени по најстроги фабрички стандарди, а цената на тјунингот за овој мотор кој се вградувал во моделите 250 и 280 SE изнесувала 27.500 германски марки.

Апетитите на клиентите растеле сè повеќе, па во средината на седумдесеттите, AMG во својата понуда вовел и бројни новитети како спојлери, специјални прагови, мат црна боја на рамките од прозорите наместо хромирани површини, посебно стерео озвучување, спортски волан и рачки на менувачот, па дури и телевизори.

Уште попосебни од стандардните верзии биле оние чии хромирани детали биле обоени во боја на каросеријата.

Осумдесеттите донеле уште посилен развој на компанијата и многу нови модели, како и голем успех на трките со педесет победи до 1993 година.

Сè повеќе нарачки пристигнувале од САД. Растел бројот и на уникатни нарачки, па секој автомобил бил приказна за себе и вистински уникат. Почнале да пристигнуваат и ексклузивни нарачки од Азија и Блискиот Исток.

Почетокот на деведесеттите отвора ново заглавје во историјата на AMG. Со Mercedes бил склучен официјален договор за соработка со кој инженерите на AMG стануваат одговорни за конструкција на масовните модели со високи перформанси.

Прв во низата бил C 36 AMG со 275 коњски сили во 1993 година. Продадени биле дури пет илјади примероци и станал првиот бестселер во историјата на AMG.

Шест години подоцна настанува E55 AMG. Тогаш Mercedes купува 51 отсто од сопствеништвото на AMG.

Целосното преземање на AMG од страна на Mercedes се случува во 2005 година.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Авто новости

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Read more
 

Автомобили

  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе