Јулија Тимошенко најави кандидатура за претседател на Украина

Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко денеска најави дека ќе се кандидира за претседател на Украина на претстојните претседателски избори во земјата.

Во обраќање на Конгресот на нејзината конзервативна партија Сеукрански сојуз „Татковина“ (Баткившчина) во Киев, Тимошенко вети дека ако биде избрана за украински претседател „ќе ја врати контролата“ на Украина над Крим и сепаратистичките реони на истокот од земјата.

Според анкетите на јавното мислење, 58-годишната Тимошенко би добила најмногу гласови во првиот круг од претседателските избори, предвиден за 31 март.

Тимошенко, која беше украински премиер од 2007 до 2010 година, по смената од премиерската функција мина две и пол години во затвор под обвинение за склучување на штетен договор со Русија за испорака на гас на Украина.

Таа ги отфрла ваквите обвинувања и тврди дека затворската казна претставувала одмзада на нејзиниот тогашен ривал, поранешниот украински претседател Виктор Јанукович.

Тимошенко претрпе пораз на претседателските избори во 2010 година токму од Јанукович, а четири години подоцна, во 2014, беше поразена од актуелниот претседател на Украина, Петро Порошенко.

Учество во мартовската трка за украински претседател досега најавија 15 кандидати, меѓу кои засега не е и актуелниот претседател Порошенко.

Анкетите на јавното мислење покажуваат дека Тимошенко би освоила нешто над 20 проценти од гласовите и во вториот круг би се соочила со Володимир Зеленски од популистичката партија Слуги на народот (СН) или со Порошенко, кој најверојатно би бил кандидат на неговата десноцентристичка партија Солидарност.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Свет

Маж фрли бомба врз Сатанскиот храм во САД

Read more

Жена во Бразил донела мртов маж во банка за да може да подигне кредит

Read more

Стопирани сите летови на Alaska Airlines во САД

Read more

Авионите не можат да полетаат, а метрото е под вода – драматични сцени од поплавениот Дубаи

Read more
 

Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Овие избори се последна шанса за Македонија

Читај повеќе

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Читај повеќе

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Читај повеќе

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Читај повеќе

Маж фрли бомба врз Сатанскиот храм во САД

Читај повеќе

Дел од неколку скопски населби без струја

Читај повеќе
  • play_arrow

Жена во Бразил донела мртов маж во банка за да може да подигне кредит

Читај повеќе

Мицкоски: Пендаровски не ги критикува ДУИ и Ахмети, што значи дека е нивен привезок и втор кандидат за претседател

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе