Јулијана Величковска вечерва ја промовира третата стихозбирка „Рајсфершлус“

Во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар во Скопје, со почеток во 20:30 часот вечерва ќе се одржи читачката промоција на третата по ред стихозбирка на Јулијана Величковска ‒ „Рајсфершлус“.

Изданието е на ПНВ Публикации и поддржано е од Министерството за култура и туризам. Стиховите ќе ги интерпретираат актерката Наташа Петровиќ и авторката.

„Уште од самото појавување во современата македонска поезија Јулијана Величковска видливо се издвои со нагласеното љубопитство за поместување и надраснување на веќе освоените стандарди во компонирањето лирска песна кај нас. Затоа и беше за очекување таа наскоро пред читателите да понуди книга песни во проза, но и тој потфат да го продлабочи со плодоносно зафаќање во дијахрониските слоеви на историјата и на книжевната традиција, да ги воспее судбините на митските хероини, суптилно алудирајќи на препознатливите темелни вредности, својства и судбини на женскоста како дел од човечката заедничка вертикала.

Особено креативно привлечни и возбудливи се ефектите што во овие песни се постигнати со мајсторското користење на еуфониските и визуелните блискости и сличности како својства на лексичките единици, па на тој начин нивниот семантички полнеж бидува зафатен од внатрешна динамика на лирскиот тек, со што песната како да еманира од текстот и продолжува во продолжително ехо надвор од фиксираниот облик“, ќе напише Санде Стојчевски за стихозбирката.

Јулијана Величковска е писател, уредник, преведувач и организатор на поетски фестивали. Основач е на издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје, соосновач и директор е на „Скопскиот поетски фестивал“ и програмски директор е на „Поетска ноќ во Велестово“. Член е на Друштвото на писателите на Македонија.

Авторка е на стихозбирките: „Комарци“ (2010), „Отворена книга“ (2017) и „Рајсфершлус“ (2024); на романот „Годишни времиња“ (2014); на книгата за деца „Ведра“, илустрирана од Марио Каев (2022), за која ја освои наградата за најдобар текст во сликовница за книги издадени во 2021 и 2022 година на Меѓународниот фестивал за литература за деца и илустрација „Литера“, и на повеќе од триесет книжевни преводи.

Нејзините песни се препеани и објавени на дваесет светски јазици. Нејзиниот роман „Годишни времиња“ беше преведен на бугарски јазик (Ерго, 2017), избор песни „Кутија на стравот“ беше преведен на азербејџански јазик (Зардаби, 2024), а избор песни во превод на англиски јазик под насловот „Очекувам лавови“ ќе излезе од печат до крајот на 2024 г. во издание на „Три Спајр Прес“ (Three Spire Press), од Корк, Ирска. Нејзини песни и куси раскази се застапени во неколку антологии во земјата и во странство.

реклама

Што треба да проверите во автомобилот пред да тргнете на патување?

Read more

Kia: Немаме друг избор

Read more

Лето 2025: Кои се најевтините дестинации во Црна Гора?

Read more

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се препираат: Чија заслуга е реконструираниот регионален пат од Охрид до Св. Наум?

Read more

Хроника

Полицаец возел со 1,65 промили алкохол во крвта, се заканувал на друг возач

Read more

Момче и девојка истепале таксист во Аеродром

Read more

Kокаин и над 30.000 евра најдени во полициска акција во Велес

Read more

Скопјанка измамена за 200.000 денари: Ѝ кажале дека ќерка ѝ прегазила дете во странство

Read more
 

Вести

Кои земји имаат најмногу боеви глави во 2025 година?

Читај повеќе
  • filter

13 јуни 1943, загинал македонскиот поет Кочо Рацин

Читај повеќе
  • play_arrow

Втор бран израелски напади, „обезглавено“ иранското воено раководство

Читај повеќе
  • filter

„Чиста петка“ од прилепската публика за „Слепци“ на Турски театар  - Скопје

Читај повеќе

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се препираат: Чија заслуга е реконструираниот регионален пат од Охрид до Св. Наум?

Читај повеќе

За двајца поранешни министри запрена постапката за трагедијата во Кочани

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавени снимки од експлозиите во нуклеарниот комплекс на Иран

Читај повеќе

Владата блокира уште 173 интернет-страници за онлајн-коцкање, информира Меџити

Читај повеќе

Нови детали од истрагата за пожарот во „Пулс“

Читај повеќе