УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2020/21

Јунајтед го изненади ПСЖ, Борусија не го запре Имобиле

Со синоќешните 8 натпревари почна новата сезна во Лигата на шампиони. Едно големо изненадување се случи во Париз, додека во најпривлечниот натпревар Лацио ја совлада Борусија.

Фудбалерите на Јувентус со победа од 2:0 среде Киев ја отворија сезоната. Иако настапија без Кристијано Роналдо, Матајс де Лихт и Алекс Сандру, домашниот Динамо беше немоќен против италијанскиот шампион. Двата гола беа дело на повратникот Алваро Мората во вториот дел.

Ланскиот финалист ПСЖ имаше кошмарен почеток на новата сезона. „Светците“ важеа за големи фаворити против Манчестер Јунајтед, но 90 минути не можеа да создадат сериозна шанса пред голот на Давид де Хеа. Бруну Фернандеш од пенал ги донесе „Ѓаволите“ во водство, а домаќините израмнија откако Антоан Марсјал си постигна ефектен автогол со глава по еден корнер во 55. минута. На три минути пред крајот Маркус Рашфорд ги шокираше домаќините носејќи победа за тимот на Оле Гунар Солскјер.

Натпреварот на кој се очекуваше најмногу погодоци ги оправда очекувањата. Во Рим екипите на Лацио и Борусија постигнаа вкупно 4 голови, а на дело се покажаа двајцата голгетери, Чиро Имобиле и Ерлинг Браут Холанд. Имобиле уште по само 6 минути игра го отвори резултатот, а на 2:0 за „Бјанкочелестите“ зголеми автоголот на Марвин Хиц. Гостите од Дортмунд надежта ја вратија во 71. минута со голот на Холанд, но само 5 минути подоцна Имобиле одлично му сервираше на Жан Акпа Акпро кој ја запечати победата на Лацио.

Барселона имаше лесна задача со унгарскиот Ференцварош кој на почетокот имаше поништен гол поради офсајд. Лео Меси од белата точка го отвори резултатот во 27. минута, а пред паузата Ансу Фати го дуплираше водството. Рано во вториот дел Фелипе Кутињо постигна трет гол, а потоа Жерард Пике доби директен црвен картон поради груб фаул овозможувајќи им на гостите преку Игор Харатин да погодат од белата точка. И со играч помалку Барса додаде уште два гола кон крајот на натпреварот преку младиот Педри и Усман Дембеле.

Во останатите натпревари беа постигнати следниве резултати:

Зенит - Бриж 1:2
Челси - Севиља 0:0
Лајпциг - Башакшехир 2:0
Рен - Краснодар 1:1

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе