Јунајтед го краде Фекир од Ливерпул

И понатаму траат шпекулациите за тоа каде ќе ја продолжи кариерата францускиот репрезентативец Набил Фекир, а во целата приказна сега се вклучи и Манчестер Јунајтед.

Пред неколку недели Фекир беше на чекор од трансфер во Ливерпул за 53 милиони фунти, договори петгодишна соработка вредна 140.000 фунти неделно, но во последен момент Олимпик Лион ги прекина преговорите.

Во меѓувреме, претседателот на Лион, Жан-Мишел Ола, откри дека „разговарал“ со менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо.

„Имав долг разговор со Мурињо пред неколку дена. Лично, повеќе не преговарам со Ливерпул. Јас дадов зелено светло за трансфер, меѓутоа целиот тој процес траеше премногу долго. Моментално навиваме за Франција и Набил да имаат одлично Светско првенство“, изјави Ола.

Се чини дека Португалецот е исклучително заинтересиран за талентираниот плејмејкер, па Јунајтед лесно би можел да ги зголеми своите трошоци за засилувања ова лето.

Досега на „Театарот на соништата“ пристигнаа десниот бек Диого Далот, како и бразилскиот играч за врска Фред, за околу 70 милиони фунти.

Фекир постигна 23 погодоци минатата сезона во дресот на Лион, а во Ливерпул го гледаа како идеален наследник на Филипе Кутињо, кој ова зима направи трансфер во Барселона.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Фудбал

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе