Фудбал
ПРЕМИЕР ЛИГА 2019/20

Јунајтед го победи Сити среде „Етихад“

8. декември 2019 - 9:23 | МИА

Манчестер Јунајтед оствари сензационална победа од 2:1 на гостувањето кај Манчестер Сити во 16. коло од Премиер лигата.

Така екипата на Оле Гунар Солскјер го доби дербито на Манчестер, откако неговиот тим пред неколку дена се справи и со Тотенхем на Жозе Мурињо.

Рашфорд постигна гол од пенал во 23-тата минута, а Марсијал го зголеми водството на гостите шест минути подоцна.

Отаменди даде гол за Сити во 85. минута.

По овој натпревар, шампионите Сити се на 3-то место на табелата со 32 поени и екипата е 14 бода од врвот, така што има само теоретски шанси да ја одбранат својата титула.

Јунајтед е на 5-то место со 24 бода.

Доколку ги пропуштивте најдобрите моменти од натпреварот, погледнете ги Тука

Коментирај