Јунајтед Груп станува членка на Алијансата за одговорно работење

Водечкиот телекомуникациски и медиумски провајдер во Југоисточна Европа - Јунајтед Груп, во чии рамки работи компанијата Тотал ТВ во С. Македонија, стана членка на Алијанса за одговорно работење (Responsible Business Alliance - RBA). RBA е најголемата светска индустриска коалиција посветена на одговорното деловно однесување во глобалните синџири на снабдување.

Јунајтед Груп им се придружува на околу 500 други членови на Алијансата кои се подеднакво посветени на подобрување на работните услови, условите во животната средина и деловните перформанси преку водечките етички стандарди и практики. Членовите на Алијансата вработуваат вкупно 21 милион луѓе со комбиниран годишен приход од 7,7 трилиони долари.

Одговорните набавки и одржливите практики се во сржта на стратегијата на Јунајтед Груп. Со приклучувањето кон RBA, Јунајтед Груп се обврзува да го почитува својот Кодекс на однесување во сопствените операции и да го применува на своите добавувачи. Активно ги охрабруваме сите наши добавувачи да го сторат истото во нивните сопствени синџири на снабдување и редовно ќе ги следиме за да се осигураме дека тоа предизвикува позитивни промени.

„Среќна сум што Јунајтед Груп стана членка на Алијанса за одговорно работење - RBA и горда сум на работата што веќе ја правиме што ни овозможува да се приклучиме на стотици бизниси - истомисленици во коалицијата. Кодексот на однесување на добавувачите на Јунајтед Груп, кој ги одразува принципите на RBA, гарантира дека целиот наш синџир на снабдување ни помага да постигнеме посветла, поодржлива иднина на етички и одговорен начин. Без поврзаноста што ја носи нашата индустрија, развојот на нашите економии и општества би бил ограничен. Затоа, имаме одговорност кон себе и кон нашите клиенти континуирано да ги исполнуваме највисоките можни стандарди“ - изјави Викторија Боклаг, извршниот директор на Јунајтед Груп.

реклама

Промо

Македонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија

Read more

Златен Даб – еволуција на изглед и вкус

Read more

Пролетно уредување на домот: Топ трендови и совети за оваа сезона

Read more

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Read more
 

Ново

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе