Јунајтед и Сити за власт во Манчестер, Ливерпул го пречекува разбудениот Евертон

Црвени против Сини, комшии против комшии. Два спектакуларни натпревари ги очекуваат денеска љубителите на Премиер лигата и фудбалот воопшто, бидејќи денес од 15:15 часот на „Енфилд“ ќе се сретнат градските ривали Ливерпул и Евертон, а потоа од 17:30 часот на „Олд Трафорд“ во уште едно градско дерби играат Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.

Премиер лигата не навикна на честите дерби натпревари, така да дуелите кои со полнo право ги носат тие епитети, станаа нормална појава во највисокиот ранг на англискиот фудбал.

Сепак, најголемото дерби на сезоната ќе го видиме денеска кога „картите на маса“ ќе ги стават Жозе Мурињо и Пеп Гвардиола.

Прв пораз на Сити или нокаут за Јунајтед

Како и да се заврши овa дерби, па и оваа сезона за Гвардиола и Сити, никој не може да каже дека стилот на игра на Шпанецот не поминува на Островот.

Можеби Гвардиола на крајот нема да биде поуспешен од своите претходници на клупата на Сити, но претставите од оваа сезона покажаа дека стилот на игра кој го преферира овој експерт е применлив во Премиер лигата.

На „Олд Трафорд“ ќе се сретнат двата најголеми потрошувачи во англискиот фудбал во последните две сезони, двата клуба од кои уште во минатата сезона се очекуваше да тргнат по првите две позиции на табелата, но се чини дека требаше да се почека до оваа сезона за да гледаме такво сценарио.

Се укажува дека оваа сезона титулата сигурно ќе отиде во Манчестер, само во прашање е во какви бои ќе бидат венците на трофејот.

Во многу подобра ситуација е Сити, кој има осум поени предност и ниту еден пораз во изминатите 15 кола. Фантастичниот тим на Гвардиола врза 13 победи во лигата и ја лови 14 по ред, што би било рекорд за еден тим во лигата.

За разлика од Гвардиола, Мурињо игра сосема различен стил на игра, а Јунајтед досега во лигата забележа два пораза.

Португалскиот експерт сепак е познат по тоа дека не сака да губи на големи натпревари, па ќе видиме како ќе ја постави својата екипа, откако доаѓа во добро расположение после извојуваната победа од 1:3 на гостувањето кај Арсенал.

Лоша вест за „Ѓаволите“ е отсуството на Погба кој поради црвен картон ќе го пропушти дербито, додека Сити нема да може да смета на од претходно повредените Стонс и Менди.

Ливерпул кој е во одлична форма или Евертон кој полека но сигурно се буди

Пред на терен да истрчаат фудбалерите од Манчестер, силите ќе си ги измерат ривалите од Ливерпул.

Евертон конечно влезе во ритам и врза три победи во сезоната при што забележа и гол разлика од 9:0. Две од тие три победи запишаа под водство на новиот тренер Сем Алардајс кој ќе ја води екипата во своето прво „Мерсисајд дерби“.

Пред Евертон е исклучително тешка задача, бидејќи Ливерпул во натпреварот влегува во серија од девет натпревари без пораз во сите натпреварувања, во последните три натпревари „Црвените“ запишаа три победи и притоа постигнаа дури 15 погодоци.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Фудбал

Тиквеш против Воска Спорт во Куп финалето

Read more

По 12 години Портсмут се врати во Чемпионшип: Не ни треба Мурињо, си го имаме Мусињо

Read more

Луис Енрике му врати на Чави: ПСЖ ќе победеше и без црвениот на Араухо

Read more

Кој македонски фудбалер е меѓу најдобрите во Европа за 2024 година?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Вајт прв во историјата на Чикаго го повтори подвигот на Џордан, Филаделфија во плеј-офот

Читај повеќе

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Читај повеќе

Надал елиминиран од Де Минор

Читај повеќе
  • play_arrow

Евролигата ригорозно го казни Теодосиќ: 15 илјади евра и да меча суспензија

Читај повеќе

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Тиквеш против Воска Спорт во Куп финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

По 12 години Портсмут се врати во Чемпионшип: Не ни треба Мурињо, си го имаме Мусињо

Читај повеќе

Луис Енрике му врати на Чави: ПСЖ ќе победеше и без црвениот на Араухо

Читај повеќе
  • play_arrow

Кој македонски фудбалер е меѓу најдобрите во Европа за 2024 година?

Читај повеќе