УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2021/22

Јунајтед и со Роналдо падна во Берн, куп пенали во Севиља

Манчестер Јунајтед и Севиља не ги потврдија фаворитските улоги и на отворањето од новата сезона во Лигата на шампионите едните загубија, а другите ремизираа дома.

„Црвените ѓаволи“ стартуваа со Кристијано Роналдо во составот и уште во 13. минута најавија победа на гостувањето во швајцарски Берн кај Јанг Бојс. Но, потоа во 35. минута Арон Ван-Бисака заработи директен црвен картон поради остар старт и ги остави своите играчи со десетмина да го бранат минималното водство.

Иако непознат и неатрактивен противник, сепак Јанг Бојс како актуелен швајцарски шампион ја искористи играчката предност и со голот на камерунскиот репрезентативец Муми Нгамалју во 66. минута го израмни резултатот.

Домашните не се откажаа и успеаја дури и да победат и тоа благодарение на Американецот Џордан Сибачо кој длабоко во судиското надополнување ја смести топката во мрежата на Давид де Хеа.

На „Рамон Санчес Писхуан“ публиката виде дури четири пенали од кои три беа за гостинската екипа која промаши дури двапати.

Прво во 13. минута пеналот на Карим Адејеми заврши крај десниот дирек, но осум минути подоцна Лука Сучиќ беше прецизен од истата позиција за водство на гостите од Австрија. 

Неверојатно, но во 37. минута Салцбург доби и трет пенал. Сучиќ повторно ја презеде одговорноста, но овој пат неговиот удар ја затресе десната статива.

Три минути пред паузата по одлука на ВАР пенал доби и Севиља, а успешен реализатор беше Иван Ракитиќ израмнувајќи на 1:1.

Само што почна вториот дел, во 50. минута Јусеф Ен Несири доби втор жолт за исклучување, но и покрај играњето со десетмина на Севиља гостите не успеаја да постигнат победнички гол.

Останатите натпревари се играат вечерва од 21 часот.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Фудбал

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Read more

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Read more

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more
 

Спорт

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Читај повеќе
  • play_arrow

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Читај повеќе

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе