Фудбал

Јунајтед нуди 400 милиони евра за Нејмар, Бразилецот бара и други засилувања

16. април 2018 - 10:51 | М.Д.

Иднината на бразилската ѕвезда Нејмар да Силва во ПСЖ е под знак прашалник, а на ова оди во прилог и фактот дека најскапиот играч на светот не беше присутен на прославата со соиграчите, по повод освојувањето на титулата во француското првенство.

Такво мислење имаат и француските медиуми, кои пишуваат дека Манчестер Јунајтед е подготвен да плати вртоглави 400 милиони евра за Бразилецот.

Според овие шпекулации, за „Црвените ѓаволи“ наводно парите не претставуваат никаков проблем, бидејќи се убедени дека Нејмар шест пати повеќе ќе им се исплати во сите сегменти.

Сепак, проблем би можеле да бидат наводните барања кои ги има Бразилецот, бидејќи тој побарал од Јунајтед да доведат двајца нови играчи и да му гарантираат дека уште двајца од актуелниот состав сигурно ќе останат.

Нејмар смета дека Хари Кејн од Тотенхем е идеалниот човек со кој би сакал да игра во шпицот на нападот, а исто така сака да го види и Самуел Умтити од Барселона во дефанзивната линија.

Бразилецот наводно побарал од Мурињо да му вети и дека клубот нема да го напуштат Давид Де Геа, ниту Французинот Пол Погба.

Коментирај