Во новата сезона мака мачи и Манчестер Јунајтед. Ерик тен Хаг сѐ уште нема дефиниран стартен состав, а сега одлучи да не ја продолжи соработката со тројца играчи по истекот на нивните договори.
Кристијан Ериксен, Џони Еванс и Виктор Линделеф ќе го напуштат „Олд Трафорд“ откако ќе им истечат актуелните договори со „Црвените ѓаволи“.
Ериксен доживеа животна и кариера трансформација во Манчестер Јунајтед. Тој повторно дојде на големата сцена во 2022 година со преселба во еден од двата најтрофејни клуба во Англија, но сепак не беше на задоволително ниво. Одигра доста лошо, а Тен Хаг не сака да ја продолжи соработката со Данецот.
Од Манчестер Јунајтед заминуваат и двајца дефанзивци. Џони Еванс сепак ќе го напушти клубот на крајот од тековната сезона. Еванс е дете на Манчестер Јунајтед и мина низа години во редовите на „Црвените ѓаволи“. Имаше минутажа поради повреди на други стопери, но на Јунајтед му требаат повеќе квалитетни засилувања.
Од истата причина клубот го напушта и Виктор Линделеф. Швеѓанецот дојде од Бенфика во 2017 година, а по 7 години игра ќе го напушти клубот. „Црвените ѓаволи“ веќе планираат нови засилувања на позицијата стопер, а наскоро ќе се врати и повредениот Лени Јоро.