Јунајтед признава дека погреши со Роналдо, ќе го пушти да си оди во јануари

По мачните летни месеци во кои отсуствуваше од тимскиот собир и дел од подготовките, оправдувајќи го непристигнувањето во Манчестер Јунајтед со лични причини, а во исто време медиумите пишуваа за неговата желба да го напушти клубот, Кристијано Роналдо би можел да го постигне она на што се надеваше во јануари - трансфер.

Португалскиот напаѓач сакаше клуб кој ќе биде конкурентен во првенството и Лигата на шампионите, што Јунајтед не е. Гигантот од Олд Трафорд по осум кола во Премиер лигата со еден одигран натпревар помалку веќе заостанува девет бода зад лидерот Арсенал, а не е ниту во најсилното европско натпреварување. Во последното коло го загуби градското дерби против Манчестер Сити со 3:6, со тоа што до 84. минута заостануваше пет гола. Роналдо тој меч го следеше од клупата и сè уште го чека првиот гол сезонава во Премиер лигата.

Сè уште со желба да се бори за титули и фрустриран од минутажата што ја има во клубот, Роналдо не се откажа од идејата да го напушти Јунајтед. Во летниот преоден рок неговиот агент го понуди на европските гиганти, но заинтересирани, барем по високата цена, немаше. Нов обид ќе има во зимскиот преоден рок.

Daily Telegraph наведува дека клубот ќе биде подготвен за нови преговори во јануари и ќе се обиде да го искористи тоа што договорот на незадоволниот Роналдо истекува на крајот од сезоната. Исто така се нагласува дека доколку Роналдо го сака овој трансфер ќе мора да се согласи на намалување на платата на неговата нова адреса.

реклама

Тајланд ја нападна Камбоџа

Read more

Отстранет првиот билборд од Железничката станица Скопје

Read more

Дали пиењето шотови маслиново масло е добро за здравјето?

Read more

Како Кина ја добива трговската војна?

Read more

Фудбал

Наполи со победа над Јувентус се искачи на првото место во Серија А

Read more

Реал се распадна на терен: Летаа црвени и жолти картони

Read more

Меси е шампион на МЛС, го однесе Интер Мајами до првата историска титула

Read more

ФИФА враќа правило кое не се применуваше 20 години

Read more
 

Спорт

Наполи со победа над Јувентус се искачи на првото место во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Реал се распадна на терен: Летаа црвени и жолти картони

Читај повеќе
  • play_arrow

Ландо Норис ја освои титулата во Формула 1 за прв пат во својата кариера

Читај повеќе

Кој ќе биде шампион во Ф1? Последната трка од сезоната се вози денеска во Абу Даби

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси е шампион на МЛС, го однесе Интер Мајами до првата историска титула

Читај повеќе

ФИФА враќа правило кое не се применуваше 20 години

Читај повеќе

Анчелоти: Немаме лесна група, ќе биде тешко

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ за полувреме уфрли 30 поени и донесе пресврт за Денвер

Читај повеќе

УЕФА му ја намали казната на Луис Диас

Читај повеќе