Јунакот од Палермо: Знаеме против кого играме, Италија ќе сака да се реваншира
Играчот кој од својот гол во 90+ ја исфрли Италија од патот кон Мундијалот во Катар, Александар Трајковски, е пред ново соочување со „Аѕурите“. Тој денеска ги сподели своите очекувања за саботниот натпревар.
„Секој натпревар за нас е многу важен, а овој со Италија е еден од потешките. Но, знаеме дека со сите можеме да се носиме и да покажеме дека имаме квалитет. За овој натпревар доволно сме мотивирани, знаеме против кого играме. Мислам дека секој ќе го даде својот максимум и да бидеме доволно фокусирани“, е дел од неговата изјава.
Инаку, Трајковски синоќа го прослави својот 31. роденден.