Претседателот на Европската Комисија, Жан-Клод Јункер, во придружба на еврокомесарот за соседска политика и проширување на Европската Унија, Јоханес Хан, денеска ќе престојуваат во неколкучасовна посета на Република Македонија, како дел од нивната турнеја во регионот по повод Стратегијата за проширување на ЕУ со земјите од Западниот Балкан.
Република Македонија е прва земја од оваа серија посети.
Претседателот на ЕК, Јункер ќе има средба со премиерот Зоран Заев. По тет-а-тет средбата меѓу премиерот Заев и претседателот на ЕК Јункер, делегацијата на Владата ќе одржи и пленарна средба со делегацијата на ЕУ.
Програмата на оваа работна посета во Владата ќе заврши со заедничка прес конференција на премиерот Зоран Заев и претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер, која ќе се одржи во 14.35 часот.