Јурова: За првпат иницијатива за заштита на новинарите во ЕУ

Брисел, 23 март 2021 (МИА) – Потпретседателката на Европската комисија, Вера Јурова, денеска поднесе предлог иницијатива за зголемена заштита на новинарите во ЕУ, вклучително и родово базираното насилство.

Европскиот медиумски форум е прва иницијатива од ваков вид во Европската Комисија, која смета дека безбедноста на новинарите во Европа е сѐ позагрозена.

-Убиствата на Дафне Каруана Галициа и Јан Кучак требаше да бидат аларм за Европската Унија. Меѓутоа заканите и нападите врз новинарите се сѐ почести, тие се закани врз демократијата во целост. За прв пат Европската Комисија работи на иницијатива посветена на безбедноста на новинари која треба да донесе опипливо подобрување на терен, изјави Јурова.

Европската Комисија за оваа иницијатива отвора дијалог со сите клучни чинители во областа на новинарството и медиуми до 25 март: новинарски здруженија, новинари, медиумски куќи, европратеници и земји членки на ЕУ.

Откако ќе завршат консултациите Европската Комисија ќе истапи со препораки со земјите членки за да се заштитат новинарите вклучително и на интернет.

Предлогот има за цел да ги зголеми постоечките стандарди за заштита на новинарите, да се справи специфично со сајбер напади и онлајн насилство и посебно оние закани базирани на родот. Во речиси сите земји членки во ЕУ, жените и припадниците на малцински групи се најчести мети на напади и насилство помеѓу новинарите.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе