Јуве и Монако ја комплетираа најдобрата четворка во ЛШ

Фудбалерите на Јувентус и Монако им се придружија на мадридските тимови Реал и Атлетико во полуфиналето во Лигата на шампионите.

Барселона на „Ноу Камп“ не успеа да приреди уште едно чудо, а Јувентус покажа дека не е ПСЖ. Италијанскиот шампион по победата од 3:0 во првиот меч, во реваншот одигра 0:0 и барем малку успеа да им се одмазди на Каталонците за поразот во финалето во 2015 година.

Искусната дефанзивна линија на Јувентус без поголеми проблеми успеа да се постави во напаѓачкото трио на Барселона (Нејмар, Суарез, Меси).

Најдобрите шанси за гол ги имаше Меси, по една во секое полувреме, но два пати неговите удари завршуваа крај голот на Буфон.

Јувентус не играше класичен бункер, до 75. минута Алегри на теренот имаше четвроица напаѓачи. Најдобрите шанси за Јувентус ги пропуштија Игиаун и Квадрадо.

Монако, предводен од своите напаѓачи и во вториот натпревар ја совлада Борусија. На стадионот „Луј II“ Монако победи со 3:1 и со вкупен резултат 6:3 се пласира во полуфиналето.

Мечот кој доцнеше пет минути поради зголемените безбедносни мерки, Монако го реши во првите 15 минути, кога најпрвин Мбапе, а потоа и Фалко го совладаа Бирки. До крајот на полувремето играчите на Борусија го погодија дирекот од голот на Субашиќ, а добри шанси не реализираа Ројс и Гереиро.

На стартот на вториот дел Борусија намали на 2:1 преку капитенот Ројс, кој ја заврши одличната акција на Дембеле.

Меѓутоа по постигнатиот гол играчите на Бурусија не успеаја да создадат нова шанса за гол, а точка на мечот стави Жермен во 81. минута.

Полуфиналните двојки ќе бидат извлечени во петок, во Нион. Првите полуфинални натпревари ќе се одиграат на 2. и 3.мај, а реваншите на 9. и 10.мај.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе