Фудбал

Јуве ќе го објави трансферот на Чан по финалето во ЛШ

18. мај 2018 - 13:08 | МИА

Торино, 18 мај 2018 (МИА) - Трансферот на Емре Чан во Јувентус е сигурен и ќе биде објавен официјално по финалето во Лигата на шампиони.

Германскиот репрезентативец има договор со Ливерпул до 30 јуни и „бјанконерите“ ќе успеат да го привлечат како слободен агент.

Неколку месеци веќе се шпекулира за неговиот трансфер во Јуве, а според италијанските медиуми, тој веќе е сигурен. Чан ќе потпише петгодишен договор и ќе добие 5 милиони евра по сезона плус бонуси.

По финалето во ЛШ, Чан ќе отпатува за Торино, каде што ќе ги помине лекарските прегледи.

Коментирај