Фудбал

Јуве ќе му плати на Кедира да го напушти клубот

23. јули 2019 - 19:24 | МИА
Торино, 23 јули 2019 (МИА) – Италијанскиот шампион Јувентус има намера да му плати на својот играч Сами Кедира за да го напушти клубот, пишува „Газета дело Спорт“.

Планот на Старата дама, според истиот извор, е да го раскине договорот со 32-годишниот германски репрезентативец и да му ја плати отпремнината бидејќи има договор до 2021 година.

Јуве годинава видно го засили средниот ред со ангажирање на Адриен Рабиот и Арон Ремзи.

Како следна дестинација на Германецот се споменува Фенербахче, а не е мал и интересот на екипи од Бундеслигата. 

Коментирај