Реваншот од полуфиналето на Копа Италија ќе се игра утре со присуство на публика, но без гостинските навивачи.
Јувентус и Милан дефинитивно ќе го одиграт куп реваншот утревечер во Торино, а на „Алијанц“ стадионот ќе биде дозволено присуство на публика, но со неколку забелешки.
Лега Калчо одлучи да збарани влез за жителите на регионите Ломбардија, Венето и Емилија-Ромања, како и провинциите Савона и Пезаро-Урбино, каде има најмногу регистрирани случаи на заразени со корона вирусот во Италија.
Тоа значи дека на навивачите на Милан нема да им биде дозволен влез на стадионот со оглед на тоа што Милано е во Ломбардија.
Првиот натпревар на „Сан Сиро“ заврши 1:1. Реваншот е со почеток утревечер од 20.45 часот, а ќе го суди Џанлука Роки. Победникот во финалето ќе се сретне со подобриот од Интер - Наполи.