Наследникот на Samsung, Ли Је-јон, ќе биде интервјуиран како осомничен во курупциски скандал поврзан со отповиканата претседателка на Јужна Кореја, објави британски BBC.
Компанијата е обвинета за давање донации за непрофитни фондации управувани од Чои Сан-сил, блиска пријателка на претседателката Парк Гон-хјуи.
Наводно донацијата била направена во замена за политичка поддршка на контроверзно спојување на две компании.
Челникот на Samsung утре ќе се соочи со специјалните обвинители, јавија официјални лица. Тој веќе е сослушан од страна на политичари во врска со скандалот на собраниска расправа.
Samsung одби да коментира.