Јужна Кореја објави дека извела прво тестирање на нова крстосувачка ракета, која ќе ја зголеми можноста за превентивен напад на Северна Кореја ако дојде до криза. Јужнокорејската војска изјавила дека испалила ракета „Таурус“ од ловец Ф-15, која успешно ја погодила целта на западното крајбрежје.
Напредната ракета ја произвела германска компанија Таурус систем. Максимален дострел е 500 километри, а Министерството за одбрана на Јужна Кореја соопштило дека радарите неможат да откријат пред да биде погодена севернокорејската цел.
Тестирањето на ракетата е изведено како строго предупредување за Ким Јонг Ун, откако Северна Кореја на 3.септември изведе шесто и досега најсилно тестирање на нуклеарно оружје.