Кабинетот на Силјановска-Давкова ќе побара објаснување од Радев за знамето

Реакции во земјава предизвика завчерашната фотографија од средбата меѓу претседателката Гордана Силјановска-Давкова и бугарскиот претседател, Румен Радев, во Софија, каде изостануваше македонското знаме.

Кабинетот на Силјановска-Давкова соопшти дека фотографирањето не било однапред предвидено и ќе побара објаснување од бугарската страна.

„Средбата и заедничкиот ручек поминаа во извонредно пријателска атмосфера, од пречекот до крајот. Она што фрли сенка на настанот е отстапувањето од договорениот протокол за средбата, според кој, не требаше да има фотографии во рамките на затворениот простор. Но, за жал, пред почетокот на тет-а-тет средбата, претседателот Радев ја покани претседателката да направат заедничка фотографија пред бугарското знаме, иако ваков потег и чин не беше предвиден, ниту договорен. Сакаме да веруваме дека се работи за протоколарен превид, а не за намерна постапка и отстапка од договореното и веќе утре ќе побараме објаснување од бугарска страна“, велат од Кабинет на Силјановска-Давкова.

Претходно вчера СДСМ ја опиша средбата како дипломатски дебакл. Од опозициската партија констатираа дека Силјановска-Давкова и министрите во Софија биле пречекани како претставници на некои локални бугарски клубови или општински институции, а не како меѓународни високи претставници на држава членка на НАТО и важен партнер на Бугарија.

реклама

Турција забрани царски рез во приватните клиники

Read more

Неделен хороскоп за секој знак од 21 до 27 април

Read more

Кога е важен бројот на сексуални партнери?

Read more

Силен земјотрес во Турција

Read more

Македонија

Пет пациенти денеска се враќаат од Србија, во странство хоспитализирани уште 38

Read more

ДУИ: Се урива еден од столбовите на Законот за јазиците

Read more

СДСМ: Љутков го гази колективниот договорот и правата на културните работници

Read more

ВЛЕН: Ахмети сака да предизвика политичка криза и предвремени избори

Read more
 

Вести

  • play_arrow
  • filter

Силен земјотрес во Турција

Читај повеќе

Пет пациенти денеска се враќаат од Србија, во странство хоспитализирани уште 38

Читај повеќе

Скопјанец обвинет за демнење на поранешната сопруга

Читај повеќе

Директор на центарот за култура во Охрид ја оштетил установата за 150 илјади денари

Читај повеќе

Голема полициска акција на повеќе локации

Читај повеќе
  • play_arrow

Со кои светски лидери не се согласуваше папата Франциск и зошто?

Читај повеќе

ДУИ: Се урива еден од столбовите на Законот за јазиците

Читај повеќе

СДСМ: Љутков го гази колективниот договорот и правата на културните работници

Читај повеќе

ВЛЕН: Ахмети сака да предизвика политичка криза и предвремени избори

Читај повеќе