Качи се на коњ за да го доживееш вистински Галичник
Галичник е дестинација што треба да ја посетите барем еднаш во животот. Прекрасна природа, глетки од кои застанува здивот, традиција, култура... сè во Галичник дише во ритамот на Македонија. Но, за вистински да го доживеете Галичник треба да се качите на коњ и да јавате низ живописниот предел.
Нашата редакција го посети овој рај на земјата за време на 5. Галичник филм фестивал, кога и се враќаше коњичката тура на „Шерпа Хорс Рајдинг“. Оваа тура нуди вестерн стил на јавање со балкански планински коњи, издржливи и стабилни за стрмен терен, а исто така и полурасни арапски коњи.
Дочекот на коњаниците беше вистинско славје со традиционална музика и ора, кое фотографот Ѓорѓи Трпески мајсторски го долови.
„Качи се на коњ за да го доживееш вистински Галичник“, ни рече една од учесничките во турата, восхитена од адреналинскиот предизвик.