Кадаиф на ерзурумски начин

Кадаифот е неизоставен десерт на традиционалната рамазанска трпеза. Но, во него може да ужива секој. Ова е малку поинаков начин за негова подготовка од традиционалниот.

Кадаиф е десерт кој потекнува од арапскиот свет од каде и го добил името по арапскиот збор قطايف (катајеф) што значи кадифе. Во балканската кујна е донесен од Османлиите кои го земале од Арапите кои исто така долго време ги владееле.

Нашиот предлог е рецептот за кадаиф долма, пополарен десерт од турскиот регион Ерзурум. Обично се подготвува со пржење на масло, но може да се припреми и со печење.

Потребни состојки:

  • 300 гр кадаиф
  • 1 чаша ореви
  • 3 јајца
  • 1 чаша млеко
  • 1 лажица ванила
    - за преливот:
  • 2 чаши шеќер
  • 2 и пол чаши вода
  • 3-4 капки лимонов сок

Подготовка:

Прво направете го преливот со варење на шеќерот, водата и 3-4 капки сок од лимон. Оставете го сварениот прелив да се излади.

Исечкајте ги и подгответе ги оревите, а потоа исечкајте го кадаифот на парчиња со големина од 20 до 30 сантиметри. Потоа ставете од оревите на едниот крај од кадаифот и завиткајте го. Остатокот од кадаифот завиткајте го на истиот начин.

Изматете ги јајцата, млекото и ванилата и со добиената мешавина прелијте го кадаифот.

Во длабоко тавче добро загрејте масло и ставете го кадаифот да се пржи. Кога се ќе испржи ставете го во изладениот прелив и на крај сервирајте и украсете по желба.

Тагови
реклама

Рецепти

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Read more

Ловечки шницли на руски начин

Read more

Трик за брзо и лесно лупење лук

Read more

Сезона е на јагоди, направете тирамису од ова овошје и кокос

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе