Каде би можел да оди Меси?

Секако, секој богат клуб сака да го донесе Лео Меси во своите редови. Понуди ќе пристигнат, но каде Меси сака да оди?

Кај Пеп во Манчестер Сити

Меси со години е докажан следбеник на англиската Премиер лига. Секако би сакал да се проба во лигата која важи за најдобра на светот. Многу има научено и од еден од неговите двајца најдобри другари, Сеск Фабрегас, кој долги години настапуваше за Арсенал, а потоа и за Челси.

Во Манчестер Сити е неговиот друг најдобар другар, всушност и му е кум, а тоа е Серхио Агуеро. Врската со „Граѓаните“ не застанува тука: таму е Жузеп Гуардиола со кого Меси одлично соработуваше во Барса, но исто така таму се неговите помошните Феран Соријано и Чики Бегиристаин со кои Меси има само добри сеќавања.

Не треба да се напоменува и дека Сити е финансиски моќен да му ги понуди сите услови кои Аргентинецот ќе ги побара.

Во друг европски великан

ПСЖ е уште еден клуб кој има пари да го преплати Меси. Таму е Нејмар, неговиот поранешен соиграч, но прашање е колку Меси би сакал да игра во слабата француска лига.

Потоа тука е Интер кој со месеци се поврзува со Меси. Газдата Стивен Чан и неговиот Suning Holdings имаат пари за Меси, а очајно сакаат да му станат конкурентни на Јувентус кој го има Кристијано Роналдо. Токму Португалецот е линијата по која Меси би дошол во Калчото со што би се обновило ривалството поради кое целиот свет гледаше Ла Лига.

Во родната Аргентина

Најромантична опција за Меси би била враќање во родната земја каде и би ја завршил кариерата. Тука парите не би играле улога, туку љубовта и носталгијата. Меси би се вратил во родниот град Росарио каде би го облекол дресот на Њуел'с Олд Бојс, тимот во кој израсна и за кој никогаш не заигра на сениорско ниво бидејќи на само 13 години замина во Барселона.

Негативен ефект од ваква романтична одлука би било тоа што Меси сѐ уште може да игра на врвно ниво, а квалитетот на аргентинската лига е одамна многу паднат. Вакво решение веројатно би било реалистично кога Меси би пред пред самиот крај на кариерата.

Блискиот Исток и Ориентот, нема шанси

Една опција дефинитивно може да се исфрли, а тоа е преселбата во Азија. И покрај тоа што таму се неговите пријатели Чави Ернандес и Андрес Иниеста, Меси нема шанси да замине на азискиот континент од истите причини поради кои не би се вратил во Аргентина. Чави во Катар, а Иниеста во Јапонија заминаа кога веќе беа на залезот на кариерите и кога нивната форма веќе беше во пад, што не е случај со Меси.

Останување во Барса

Иако одлуката да замине од Барселона се чини е цврста, во никој случај не смее целосно да се исфрли опцијата дека Меси, сепак, може да остане во каталонскиот клуб.

Тагови
реклама

Ветерани на ОВК го блокираа седиштето на организацијата и фрлаа флаши кон припадниците на ЕУЛЕКС

Read more

Еротски колаж

Read more

AstraZeneca нуди поевтина вакцина, европските влади ќе плаќаат отштета за можни последици

Read more

Искрени илустрации во кои ќе се препознае секоја девојка

Read more

Фудбал

Ромеро сака кариерата да ја продолжи во Евертон

Read more

На која позиција ќе игра Бејл под Мурињо?

Read more

Шкендија-Тотенхем низ фотографии

Read more

Флик славеше, Лопетеги оптимистичен и во поразот

Read more

Спорт

Ромеро сака кариерата да ја продолжи во Евертон

Читај повеќе
  • play_arrow

„Кралот“ и Лејкерс сигурно чекорат кон финалето на НБА

Читај повеќе
  • play_arrow

На која позиција ќе игра Бејл под Мурињо?

Читај повеќе
  • filter

Шкендија-Тотенхем низ фотографии

Читај повеќе
  • play_arrow

Флик славеше, Лопетеги оптимистичен и во поразот

Читај повеќе

Мурињо ни се фати за 5 сантиметри: Нѐ накодоши дека головите ни се ниски

Читај повеќе
  • play_arrow

Упорната Шкендија му даде гол на Тотенхем, но сепак се збогува од Лига Европа

Читај повеќе

Лазаров и Манасков забележаа победи со своите екипи во ракометната Лига на шампиони

Читај повеќе

Ибра: Коронавирусот имаше храброст да ме предизвика. Лоша идеја

Читај повеќе