Каде би се криел Доналд Трамп во случај на нуклеарна војна?

Од Труман до Трамп, американските претседатели имаат пристап до бункери во кои би преживеале нуклеарна војна. Па, што се случува со врховниот командант на САД кога има нуклеарна закана?

Речиси веднаш претседателот Трамп ќе биде однесен на безбедна локација.

Има неколку места на располагање. Едниот бункер е сместен под Белата куќа, утврден во 50-тите, а другиот е во Блу Риџ Маунтинс во Вирџинија.

Исто така има и еден рудиментиран бункер на имотот во Флорида, Мар-а-Лаго, што првично бил користен како магацин за бомби и наводно се наоѓа под теренот за голф.

Сепак, ниту еден бункер, без разлика колку брилијантно е склопен, не би преживеал директен удар од  нуклеарна бомба.

„Нема одбрана од таа огромна експлозија и жештина“, вели Кенет Роуз, автор на книгата „One Nation Underground: The Fallout Shelter in American Culture“.

Ако претседателот го преживее првичниот напад, бункерот добро би му дошол, бидејќи ќе му треба место од каде ќе може безбедно да ја води нацијата.

Меѓутоа, само на избрани луѓе им е дозволен пристап до претседателскиот бункер, што значи дека општествената хиерархија станува прашање на живот или смрт.

Сепак, историчарите велат дека градењето бункери е неопходен дел од владината работа.

„Мора да се одржи хиерархија на команда“, вели Ренди Совел, архивар во Претседателската библиотека „Труман“ во Индепенденс, Мисури.

 „Во спротивно, ќе завладее хаос.“

Нуклеарно жителство

Изградбата на атомски засолништа и бункери, без разлика дали се за претседателот или за обичниот народ, има уште една намена: на тој начин Американците полесно зборуваат за атомско оружје и незамисливото – глобална нуклеарна војна – станува замисливо.

Претседателот Хари Труман го надгледувал формирањето на федералната администрација за цивилна заштита во 50-тите. Пораката на Владата, вели професорот по историја Кристијан Епи, беше дека „не мора да значи дека нуклеарната војна ќе биде апокалипса за сите“.

Агенцијата за цивилна безбедност помогна да се создаде идејата за „нуклеарно жителство“, вели Епи. Владата на САД сакаше цивилите да се прилагодат на новата реалност и да почнат да го прифаќаат фактот дека земјата е влезена во трка за нуклеарно наоружување.

Едно американско истражување за стратешко бомбардирање покажа дека 30% од луѓето кои загинале веднаш во атомското бомбардирање на Нагасаки од страна на САД, ќе преживееле во атомски засолништа, што ѝ дава логика на програмата за цивилна одбрана на Труман.

Каде се бункерите?

Агенцијата се потруди да направи сеопфатен систем на засолништа. Некои беа изградени за владини вработени и за народот. Сепак, во поголемиот број случаи граѓаните правеа свои приватни бункери. Биле изградени илјадници вакви бункери како реакција на „чувтвото на одговорност за најтесното семејство“.

Марџори Мериведер Пост ги направила нејзините бункери во Мар-а-Лаго во Флорида, каде сега се протега имотот на Трамп.

Во почетокот на 50-тите Пост била загрижена дека војната во Кореја ќе ескалира и затоа ги направила подземните скривалишта. Трамп го купил имотот во 1985 година заедно со бункерите.

Додека Пост го правела нејзиниот бункер, агенцијата го подготвувала бункерот за претседателот. Целта била да се обезбеди тајна локација каде ќе се постави „цел владин комплекс“. Тоа место се наоѓа на околу 80 километри од Вашингтон.

Планинскиот врв Маунт Ведер на височина од 535 метри е претворен во џиновски  бункер за претседателот, неговите советници и други за во случај на нуклеарен напад.

Членови на Конгресот исто така ќе бидат однесени во бункер во Гринбриер, Западна Вирџинија. Бункерот со тајно име Проџект Грик Ајленд функционираше со децении, додека не беше откриено неговото постоење во медиумите во 19292 година и бункерот беше „исклучен од употреба“.

Маунт Ведер сега е под управа на Федералната агенција за справување со итни ситуации и беше „активиран“ по нападите на Ал Каеда во септември, 2001 година. Во овој бункер, теоретски, би можело да биде безбедно место за Трамп во случај на нуклеарен напад.

Есента, 1961 година почнала изградбата на уште еден претседателски бункер. Овој бил правен за претседателот Џон Ф. Кенеди и се наоѓа во Флорида, во близина на Мар-а-Лаго. Бункерот Пинат Ајленд е на 10-минути возење од куќата во Палм Бич каде Кенеди често престојувал.

Изградбата на бункерот познат и како Детачмент Хотел чинела 97.000 долари, според извештај на Конгресот од 1973 година. Кенеди неколку пати го посетил бункерот.

Кој сѐ смее да влезе во претседателскиот бункер?

Пинат Ајленд: Претседателот и дваесетина помошници и министри (Има место за 30 луѓе)

Белата куќа: Потпретседателот Дик Чејни  работел зад „челичната врата“ на  бункерот на 9/11, заедно со неговата сопруга, со советничката за национална безбедност Кондолиза Рајс, министерот за одбрана Доналд Рамсфилд и други (претседателот Џорџ В. Буш го помина денот летајќи со претседателскиот авион).

Маунт Ведер: Има место за претседателот, неговите помошници и стотици други, дури и новинари, со оглед на тоа дека е направена е посебна просторија за прес-конференции.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Свет

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе