Каде е Емануел Макрон?

Француските медиуми се загрижени за отсуството на претседателот Емануел Макрон од фокусот на јавноста.

Некои медиуми објавија дека тимот на претседателот го советувал да одбегнува привлекување внимание непосредно по аферата Бенала и хаосот со „Жолтите елеци“.

Според Le Figaro, последниот официјален настан на агендата на Макрон беше неговата дводневна посета на Чад минатата недела каде се сретна со француските војници распределени таму како дел од операцијата Barkhane против бунтовниците во земјата.

Макрон последен пат се појавил на ТВ во вторникот, во прилог на France 2 што беше снимен во неделата за време на неговата посета на Африка.

Емануел Макрон нешто го нема и на Twitter, со исклучок на кратката порака за Божик до граѓаните на Франција.

Елисејската палата официјално одговори на прашањето на францускиот канал BFMTV дека „претседателот сака да одмори неколку дена со семејството“.

Но, медиумите шпекулираат дека Макрон се држи „под радарот“ на совет на неговите најблиски соработници.

Близок пријател на Макрон наводно му рекол „да не меша со масите“ бидејќи тоа може „да го направи народот нервозен“.

Според анкетата спроведена во почетокот на декември, Макрон има рекордно низок рејтинг од 23 проценти, во споредба со 34% во август годинава.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more
 

Вести

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе