Каде е најбезбедно да живеете во случај на Трета светска војна?

Доналд Трамп ѝ возврати на Русија откако од Москва се заканија дека ќе ги срушат сите проектили упатени кон Сирија како одговор на тамошните напади со хемиско оружје. Тој вели дека односите помеѓу двете земји се полоши од било кога, па голем дел од светот стравува од потенцијална војна.

Откако Доналд Трамп стапна во претседателската канцеларија, односите на САД со големите светски сили се разнишаа и станаа нестабилни.

Последното влошување на односите на САД со Русија го предупредува светот дека нова војна може да започне во било кој момент, па затоа сакавме да ве потсетиме дека постојат и онакви земји кои не се плашат од војни, од една или друга причина.

Во случај на конфликт, Глобалниот светски индекс за мир вели дека Исланд е најбезбедната земја за живеење. Исланд има добар однос со сите светски земји, не учествува директно, ниту индиректно во ниту една војна и е географски доволно оддалечена од САД, Русија и Кина за да не мора да се плаши од „заскитан напад“.

Веднаш зад Исланд на листата се наоѓа Нов Зеланд, кој е енергетски скоро целосно независен. Скоро целата струја Нов Зеланд ја добива од хидроелектрани, а покрај тоа има и плодна почва која може да одгледува било каква култура. Во случај на нова војна, оваа држава е целосно изолирана на посебен крај на Земјината топка, па затоа и географски е обезбедена нејзината безбедност.

Зачудувачко беше присуството на Канада помеѓу десетте најбезбедни земји во светот, ако се земе предвид дека таа се наоѓа веднаш до САД. Но, посветеноста на Канада да избегнува воени конфликти, добрата надворешна политика и условите кои ги нуди самата земја со право ја сместуваат помеѓу најбезбедните земји во светот.

Десет најбезбедни земји за живеење:

  1. Исланд
  2. Нов Зеланд
  3. Португалија
  4. Австрија
  5. Данска
  6. Чешка
  7. Словенија
  8. Канада
  9. Швајцарија
  10. Ирска/Јапонија
реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Чек дис аут

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Read more

Мис ВИ: Се избира најубавата компјутерски генерирана жена

Read more

Како да рециклирате пластични шишиња дома?

Read more

Како изгледа животот во државата која официјално не постои?

Read more
 

Магазин

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Читај повеќе
  • play_arrow

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Читај повеќе
  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе

Харизматични, неодоливи и вистински господа – најпосакуваните мажи во хороскопот

Читај повеќе

Захер тортата настанала непланирано, а поради богатиот вкус го освои светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Сочни и крцкави со месеци: Трик за складирање јаболка од XVIII век

Читај повеќе

Ресторан дава бесплатно шише вино ако не зјапате во телефонот додека јадете

Читај повеќе