Каде е најдобро да се скриете за време на земјотрес?

Не постои начин да ги спречите земјотресите, но постои начин да бидете побезбедни во случај на истите. Само следете ги овие неколку совети.

Иако земјотресите траат кратко, понекогаш поради нивната јачина знаат да бидат многу опасни. Можат да срушат објекти, а објектите да им наштетат на луѓето околу. Затоа, овие неколку совети нека ви послужат како водич во случај на земјотрес.

Ако сте дома

Доколку се најдете дома за време на земјотрес, не трчајте надвор.

Пробајте да најдете маса или биро под кое би можеле да се скриете. Избегнувајте движење покрај висок мебел, висечки мебел и огледала. Движете се покрај внатрешните ѕидови, бидејќи надворешните ѕидови се поризични дека ќе се распаднат во вакви ситуации.

И најбитно, не стојте под врата! Постои урбан мит кој вели дека стоењето под врата е посигурно, но тоа најчесто е многу поризично.

Ако сте на работа

Доколку за време на земјотрес сте на работа, важат истите правила како за дома.

Не трчајте надвор, покријте ја главата и барајте место за криење. Работното место скоро секогаш има маси и бироа, така што тоа ви е доволно за да останете сигурни дека парче од таванот нема да ви падне на глава. Не се плашете ако работите на повисок кат, бидејќи според архитектите, повисоките катови најчесто се побезбедни заради начинот на кој е структурирана зградата.

Исто така, не ги блокирајте излезите бидејќи не се знае дали некој ќе испаничи и ќе посака да истрча надвор.

Ако сте во автомобил

Возењето за време на земјотрес е многу опасно бидејќи може да предизвика да изгубите контрола над возилото.

Затоа, веднаш штом ќе забележите дека земјата се тресе, застанете го возилото и подигнете ја рачната сопирачка. Не паркирајте под мостови, улични светла и до згради бидејќи постои голема опасност тие да се срушат над вас.

Ако нешто паднало на вашето возило додека сте вие во него, јавете се и почекајте служба да дојде и да го отстрани.

Ако сте надвор

Доколку сте надвор за време на земјотрес, најдете отворена област и таму почекајте да престане.

Не се кријте под објекти, до нив и не трчајте кон делови каде може да има метеж.

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе