Каде е руската новинарка Овсјаникова која жестоко го критикуваше Путин?

Руската новинарка Марина Овсјаникова, која во директен пренос протестираше против нападот на Украина, денеска потврди дека побегнала од домашен притвор каде завршила поради наводно повторно ширење на лажни вести.

 

„Се сметам себеси за целосно невина и бидејќи нашата земја одбива да ги почитува нејзините закони, одбивам да ја почитувам забраната што ми беше наметната на 30 септември 2022 година и се ослободувам од неа“, напиша таа на нејзиниот канал на Telegram. Нејзиниот адвокат изјави дека 44-годишната новинарка требало да се појави на рочиштето во 10 часот по московско време и дека моментално не се знае каде се наоѓа.

Во август, Овсјаникова беше осудена на два месеци домашен притвор за протестот во јули, каде што стоеше до Кремљ со плакат на кој рускиот претседател Владимир Путин го нарекува убиец, а неговите војници фашисти.

Се соочува со 10 години затвор

Таа се соочува со 10 години затвор за ширење лажни вести за руските вооружени сили. Нејзиниот домашен притвор требаше да трае до 9 октомври, но државниот медиум Russia Today во саботата напиша дека таа избегала со нејзината 11-годишна ќерка и дека не се знае каде се наоѓаат.

Сè уште не е јасно како успеала да побегне, а во понеделникот нејзиното име и фотографија се појавија на официјалниот список на бегалци од Министерството за внатрешни работи.

Таа во денешното соопштение потврди дека избегала и го критикуваше членот од законот според кој е обвинета бидејќи „ја кажува вистината“. Русија донесе нови закони за „намерно ширење лажни информации“ на 4 март, осум дена по почетокот на нападот врз Украина.

Претходно во март, Овсјаникова се појави пред камерите во едно телевизиско студио за време на информативна програма носејќи транспарент „Стоп за војната“ и „Ве лажат“.

URL
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Свет

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе