Последната објава на Тејлор Свифт на Instagram беше во почетокот на март. Последниот јавен настап на младата поп ѕвезда беше во февруари.
Американската пејачка никој ја нема видено во јавност во последно време, па каде е ѕвездата која обично ги освојува насловните страници и папарацо фотографите?
Иако фановите можеби жалаат што немаат информација за својот идол, ова може да е добра вест.
Свифт наводно се има повлечено од јавноста за да работи на нејзиниот нов албум.
Според ET, пејачката, која од кантри премина на поп музика, работи на наоѓање на нов звук и размислува дали да се задржи на поп или да се врати на нејзините кантри корени.
Свифт наводно е во Нешвил, Тенеси каде се фокусира на нејзината музика.
Новиот албум се очекува да биде објавен кон крајот на 2017 година.