Фудбал

Каде ќе ја продолжи кариерата Хамес Родригез?

17. март 2019 - 13:42 | А.С.

Хамес Родригез донесе одлука како ќе ја продолжи неговата кариера, но тоа нема да биде во Баерн Минхен.

Колумбиецот е на позајмица кај Баварците од Реал Мадрид, но реши дека не сака да остане во Баерн Минхен, пишува шпанскиот весник Marca.

По двегодишната позајмица Баварците имаа шанса да го откупат неговиот договор за 42 милиони евра, но играчот не сака да остане во клубот и од бизнисот меѓу двата европски великани нема да биде ништо.

Хамес нема да се усреќи ниту ако се врати во Реал. За Колумбиецот сигурно нема да има место, особено откако на чело на „кралскиот клуб“ се врати Зинедин Зидан, со оглед на тоа дека Французинот за време на неговиот прв мандат на „Бернабеу“ не му даваше многу простор да се покаже.

Цената на Хамес не е тајна – клубот кој сака да ја земе колумбиската ѕвезда треба да плати 50 милиони евра.

А заинтересирани секако има: европските медиуми го поврзуваа Хамес со трансфери во Јувентус, Наполи, Арсенал, Милан и Интер, што значи дека и неговиот агент го очекува бурен летен преоден рок.

Коментирај