Фит

Каде одат мастите откако ќе ослабете?

28. март 2018 - 12:02 | К.З.

Голем број од луѓето се опседнати со губење на килограми, диети и доведување на телото во посакуваната форма, но ретко кој знае што всушност се случува со мастите и како тие излегуваат од телото.

Дури и повеќето лични тренери и нутриционисти не знаат што се случува со мастите откако ќе ослабете, иако постојано ви даваат совети за тоа како полесно да ги симнете килограмите. Некои од нив сметаат дека мастите се претвораат во мускули, а некои пак ќе кажат дека мастите ви даваат енергија, но и двата одговори се погрешни.

Всушност, мастите се претвораат во јаглерод диоксид и вода, и на тој начин излегуваат од телото. Јаглерод диоксидот излегува од вас преку дишење, додека водата излегува преку уринирање и потење.

Да речеме дека имате изгубено 10 килограми. Од тие 10 килограми, 8,4 килограми се губат преку дишење, додека 1,6 килограми се губат преку одење во ВЦ или потење. Според научното објаснување, колку и да звучи чудно, најголемиот дел од изгубената тежина вие ја издишувате.

Единствената храна која не се претвора во јаглерод диоксид или вода е онаа која е богата со влакна, на пример банана, леќа, брокули, грав и слично. Таа оди директно во дебелото црево и таму се преработува.

Коментирај