Каде се денес анонимните сестри Гучи кои наследија милиони?

Б.С.Б.
/ 03.12.2021 / 14:30

Филмот „House of Gucci“ на Ридли Скот детално ја опишува животната приказна на Патриција Реџани и нејзиниот поранешен сопруг Маурисио Гучи, но многу малку внимание посветува на нивните деца.

Реџани и Гучи имаа две ќерки, Алесандра и Алегра. Алесандра е прикажана малку во филмот, додека Алегра воопшто ја нема.

Маурисио беше последниот член од семејството Гучи кој ја водеше компанијата пред да биде откупена од инвестициска банка во 1992 година.

Што се случи со Алесандра и Алегра по убиството на нивниот татко?

Алесандра и нејзината помлада сестра имаа само 20, односно 16 години кога мајка им беше уапсена во 1997 година и осудена на 26 години затвор. Сестрите во 2004 година водеа кампања во која бараа повторување на судењето во случајот на мајка им. Тврдеа дека таа „не била ментално стабилна во време на убиството“, откако била оперирана од тумор на мозокот во 1992 година.

URL

Алегра дури и студирала право за да помогне во случајот на мајка ѝ, пишува Vogue. Таа неколку децении е далеку од очите на јавноста, но познати се неколку детали за неа.

Никогаш нема работено за модната куќа чие презиме го носи, но има дизајнирано чанти за нејзиниот бренд AG. Нејзината колекција The First има вкупно 99 произведени чанти.

Каде се денес Алесандра и Алегра?

URL

По смртта на татко им наследија милиони, како и неговите јахти и имоти во Њујорк и Милано. Сега и двете живеат во Швајцарија со семејствата, и според пишувањето на Guardian, сакаат да останат анонимни.

Каков е нивниот однос со мајка им?

Реџани беше ослободена порано поради добро однесување, откако отслужи казна од 18 наместо од 26 години. Иако ќерките претходно јавно ја бранеа, во 2016 година Реџани изјави дека воопшто не разговараат.

„Минуваме низ лош период, не ме разбираат и ми ја укинаа финансиската поддршка. Немам ништо, ниту внуците ги имам запознаено“, изјави таа тогаш во интервју за The Guardian.

Инаку, Реџани прима годишна пензија од 1,47 милиони долари бидејќи Гучи пред смртта потпиша договор со кој се согласи таа сума да ѝ ја исплаќа до крајот на животот.

Тагови
реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Стил

Преполниот куфер ќе стане минато: Пробајте го генијалниот метод 333

Read more

Нема одмор за најубавата спортска новинарка во светот

Read more

Hats and the City – нов едиторијал на шапки од Мирјана Јосифоска

Read more

Најлоша мода на Оскарите 2024: Кај ви беше паметот?

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе