Каде се рангира Македонија на листата најдобри патишта во Европа?

Истражување на оваа тема е особено интересно за нас, како земја со исклучително жалосна патна инфраструктура.

Квалитетот на патната инфраструктура во Европа варира многу, и оваа тема често предизвикува дискусии во медиумите.

Има повеќе истражувања за квалитетот на патиштата во земјите на Стариот континент. Податоците за ранг листата што ви ги пренесуваме доаѓаат од „Извештајот за глобална конкурентност на Светскиот економски форум за 2019 година“, во кој беа оценети 141 земја, а темите беа различни.

Во истражувањето учествуваа 12.987 менаџери од различни индустрии, кои одговорија на 78 прашања, вклучувајќи го и квалитетот на патната инфраструктура во нивната земја.

Ним им беше понудено да го оценат тој квалитет од 1 (исклучително лош) до 7 (исклучително добар).

Резултатот од истражувањето е оваа карта која дава широк преглед на квалитетот на патиштата во Европа, а на неа јасно можеме да ја видиме поделбата исток-запад.

Многу поранешни советски држави и земји во Источна Европа се со оцена под 4. Во западната половина на Стариот континент, повеќето земји постигнуваат резултати над 4, па дури и над 5.

Холандија ги има најдобрите патишта во Европа (резултат 6,4), а по неа следи Швајцарија (6,3). Овие две земји ги заземаат позициите 2 и 3 на глобалната листа, а пред нив е само Сингапур, кој ги има најдобрите патишта во светот.

Каде котира Македонија?

Според овој извештај, нашата земја е на неславно 35-то место од 40 земји, со просечна оценка од 3,4, и утешно е што некои земји од Европската Унија, како што се Романија и Малта, се зад нас.

Што се однесува до земјите од регионот, најдобри патишта има во Хрватска, која го зазеде високото 6-то место со оценка 5,6, додека Словенија е 15-та со оцена од 4,9.

Црна Гора е 30-та со оцена од 3,9, а Србија е на 33-то место и е оценета со 3,5.

Босна и Херцеговина е претпоследна, 39-та со многу ниска оценка од 2,8.

Каква оценка би им дале вие на нашите патишта (од 1 до 7)?

реклама

Авто новости

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more
 

Автомобили

  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе