Каде се сега: Тимот на „златните момци“ од 2010 година

Пред девет години беа најавени како големи таленти на кои им се предвидуваше блескава кариера. Некои навистина и се пробија, но некои ги снема од фудбалската карта.

Во 2010 година беше направен тим од единаесетмина таленти, по еден на секоја позиција, од кои се очекуваше во наредните години да станат едни од најдобрите играчи на светот. Еве каде се сега и што постигнаа изминативе девет години.

Давид де Хеа (Шпанија)
Токму летото 2010 сѐ уште како тинејџер премина во Манчестер Јунајтед каде ден денес е број еден. Ја освои Премиер лигата во 2012/13, еднаш ФА купот, Лига купот, Суперкупот, како и Лига Европа во 2016/17. Се зацементира и како голман број еден на шпанската репрезентација откако претходно триумфираше на У21 ЕУРО во 2011 и 2013. Денес е најскап голман во светот.

Мамаду Сахо (Франција)
Откако со ПСЖ ја освои Лиг 1 во 2012/13 замина во Ливерпул каде во трите сезони не ги оправда очекувањата за на крај да заврши во Кристал Палас. Го изгуби местото и во репрезентацијата на Франција, не го земаа на ниту едно ЕУРО, а на Светско замина само во 2014 во Бразил.

Матео Мусакио (Аргентина)
Уште непробиен во Ривер Плејт беше скаутиран и донесен во Европа од Виљареал. Стана и репрезентативец, но таа авантура му траеше кратко бидејќи заглави во Виљареал цели осум сезони пред да дојде во грогираниот Милан каде одлично се вклопи во сивилото. Капак беше повикот да игра за Албанија кој го одби, а имаше право бидејќи има потекло по таткова страна.

Жоел Матип (Камерун)
Камерунскиот Германец импресионираше во одбраната на Шалке па направи трансфер во Ливерпул во 2016. Честите повреди не му дозволија да се истакне во Англија, на пример лани воопшто не играше во Лигата на шампиони кога Ливерпул стана шампион.

Јан М'Вила (Франција)
Блескаше во дефанзивната средина на Рен по што го направи погрешниот чекор, во 2013 замина да игра за руски Рубин. Му заврши и репрезентативната кариера, а во тимот од Казањ за шест сезони одигра само 80 натпревари, а две ги мина по позајмици. Сега е во Сент-Етјен.

Тони Крос (Германија)
Крос е еден од ретките кои успеаја. После третата бундеслигашка титула во 2014 со Баерн замина во Реал Мадрид каде стана еден од најдобрите. Три титули во Лигата на шампиони, една Ла Лига, еден шпански суперкуп, два суперкупа на УЕФА и четири светски клупски првенства. Со Германија стана светски шампион во 2014.

Миралем Пjаниќ (Босна и Херцеговина)
Како бегалец од југословенската војна кариерата ја почна во Луксембург каде брзо беше откриен неговиот талент па преку Мец заврши во Лион. Во 2011 го ќари Рома, стана еден од најдобрите играчи на „чизмата“ па од 2016 е во Јувентус. Трипати ја освои Серија А со Јуве, двапати купот и еднаш суперкупот, а Босна ја одведе на Мундијалот во Бразил 2014.

Адем Љајиќ (Србија)
Бисерот од Нови Пазар во 2010 дојде во Фиорентина од Партизан. Набрзо ги освои срцата на љубителите на калчото па по три години замина во Рома. Во 2015 беше позјамен во Интер кога почна и падот на неговата кариера. Следуваа три години во Торино, а сега е веќе втора во Бешикташ.

Матија Дестро (Италија)
Како талентиран голгетер излезе од младинската школа на Интер кој никогаш не му даде шанса во првиот тим. Во 2010 го прати во Џеноа како дел од трансферот на Андреа Ранокија, потоа беше во Сиена, а блесна во Рома кога стана и репрезентативец. „Волчицата“ сепак се откажа од него, прво праќајќи го на позајмица во Милан, а потоа следуваше и трансфер во Болоња каде е и сега.

Едуардо Салвио (Аргентина)
Крилото на Ланус во 2010 дојде во Атлетико како голема надеж. Не се снајде па беше пратен во Бенфика каде се пронајде себеси пред годинава да се врати во родната земја, во Бока Жуниорс.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе