Каде според фенг шуи треба да се чуваат книгите во домот?

Ако сакате да обезбедите проток на добра енергија во домот, еве каде според фенг шуи треба да поставите полица за книги.

Многумина од нас имаат дилема каде да постават полици за книги во својот дом, па обично го избираат местото што им останува откако ќе ги наредат сите главни парчиња мебел. Сепак, на овој начин можете да ја блокирате позитивната енергија. Фенг шуи учењето најмногу внимание посветува на ориентацијата во просторот со цел да се обезбеди просперитет и напредок.

Затоа, полиците за книги, како продолжение на нашата креативност и имагинација, треба да се сместат во светла и проветрена просторија, каде креативната енергија може да расте и позитивно да влијае на нашата енергија.

Некои од најпознатите теории на фенг шуи користат кардинални насоки за да создадат осум специфични делови од собата. Се вели дека секоја насока има уникатни квалитети на позитивна или негативна енергија. Во рамките на оваа теорија, западот треба да биде насока на креативноста. Поставувањето полица за книги во западниот дел од просторијата ќе го зголеми протокот на креативна и интелектуална енергија.

Доколку сте многу горди на вашата колекција книги, ставете полица во централниот дел од домот, така што таа ќе ви носи радост секогаш кога ќе влезете во собата. Енергијата што ја чувствувате кога ќе видите истакната полица за книги ќе се рефлектира назад во собата, зголемувајќи ја позитивната енергија и радоста во просторот. За куќи, добро место е во близина на предниот влез. Оваа локација го одразува протокот на позитивна енергија и поттикнува креативно размислување.

Во практиката на фенг шуи, нередот предизвикува негативна и збунувачка енергија, која може да го блокира позитивниот проток на енергија низ домот. Ова се однесува на нередот во собите, но и нередот на полиците со книги. Затоа, за да го максимизирате протокот на позитивна енергија, треба редовно да ги чистите полиците и книгите и да се ослободите од старите и искинати кои не ги користите. Со чувањето на вакви книги дозволувате старата и негативна енергија да се вкорени во вашиот животен простор.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Живот

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more
 

Магазин

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе