21. МОДЕН ВИКЕНД СКОПЈЕ

Каде сте инфлуенсери, помина Моден викенд Скопје

По јубилејот од 20 сезони, пролетното издание на Моден викенд Скопје го затече несекојдневна ситуација што го стави на пауза поголемиот дел од општествениот живот во земјава и светот.

Тимот на МВСК храбро се исправи пред предизвикот и успешно го изведе 21. издание на МВСК во дигитален формат - новите колекции на домашните дизајнери беа прикажани преку вибрантни и модерни лукбук фотографии и модни филмови, под мотото „Ветрот носи убаво време“.

И ветрот навистина донесе убаво време. За модните вљубеници, Моден викенд (како и секогаш) беше вистинска оддишка од секојдневните вести, но оваа сезона беше и добредојдено уживање достапно во удобноста на нашите домови и прилика да погледнеме малку подалеку во иднината. Во време кога живеевме во неизвесност ден за ден, со многу прашања за тоа како ќе се одвиваат нашите секојдневија во речиси секој аспект, тимот на Моден викенд покажа како се прилагодува на новонастанатите услови, колку е важна содржината, подеднакво колку и формата, како треба да се прифатат и искористат новите технологии и можности и најважно, како да се надмине бариерата што стои меѓу вас и континуитетот на вашата работа и дело.

Ова издание го очекував со посебна возбуда и неизвесност, токму бидејќи ми беше потребна таа доза на убавина и креативност, на елан и надеж, на потсетување дека уметноста ќе го спаси светот. Ентузијазмот со кој тимот на МВСК застана зад нашите дизајнери - од кои дел првпат се претставуваа пред публиката - истрајноста и упорноста во намерата да се одржи континуитетот на настанот и на крај, но не крајно, љубовта кон она што го работат, ме понесе и мене со тој ветер што носи убаво време и го шармираше оптимистот во мене.

Креации на Блерта Османи/Стефанија Насеска/Terziya

Детално ги анализирав колекциите на Евгенија Зафировска, Блерта Османи, KTN, Terziya и Стефанија Насеска, а нѐ заинтригира и колекцијата на пролет/лето 2020 на Guess, прикажана преку стајлинзи што ги подготви Даниела Ѓуровска. Се радував на докажаниот, новиот и вратениот талент на сцената. Да, посакував некои од нив да ги видам на писта (Блерта Османи ја очекува светла иднина!) и веќе подолго време со нетрпение го очекував враќањето на Стефанија Насеска на сцената и дизајнерката во секој поглед ги исполни моите високи очекувања. Токму таа беше името што најмногу „крена прашина“ на социјалните мрежи каде сезонава се одвиваше модниот дискурс, носена на двојниот бран – одлична колекција и камбек.

Оваа сезона видеоматеријалите од новите колекции го понесоа најтешкиот товар на доловување на атмосферата, вибрацијата, емоцијата и инспирацијата на дизајнерите и брендовите. Фактот дека сѐ се снимаше на една локација беше дополнителен предизвик. Разговарав со Марина Трајковска, автор на видеата, за тоа каков беше креативниот пристап во доловување на различните идејни и естетски приказни при продуцирањето на видеата.

„Најважно беше ‘истражувањето’ пред самото снимање, односно сите од тимот да се запознаат со инспирацијата зад создадените колекции. Да се добие некаква груба слика, која би послужила како почетна позиција за развивање на индвивидуален пристап за визуелна презентација на секој од учесниците. Дел од нив за првпат учествуваа на Моден Викенд Скопје, дел пак, се вратија во сосема поинакво издание. Затоа од особено значење ми беше да ја разберам нивната идеја и каква точно приказна сакаат да прикажат низ видеото. Без разлика што станува збор за истата локација, тоа е една неутрална зона, која функционира како точка каде се спојуваат приказните. Самиот дизајн ја диктира динамиката на видеото, дали фокусот ќе е на деталите или на градење mood за пошироката слика. Едни видеа се бавни и со долги кадри, додека други се разиграни и динамични. Сите модни филмови имаат различен колорит, којшто соодвествува на стилот и изразот на дизајнерот или брендот“, вели Марина.

Remote video URL

Посебен елемент на модните филмови за претставување на колекциите во оваа, дигитална сезона на МВСК беше специјално создадената музика за секое од нив, дело на музичкиот креативец Gloomie.

„Соработката со Моден викенд Скопје за мене беше едно сосема ново искуство, а истовремено и голем предизвик како музичар. Да се создава музика за модни филмови, креативно и стилски неограничен, дефинитивно е нешто несекојдневно и секако би сакал да се повтори во иднина“, вели тој.

„Самиот процес беше најзабавниот дел. Имав комплетна слобода да дадам свое видување на колекциите во музичка смисла, како и комплетна логистичка подршка. Соработката и комуникацијата се одвиваа така брзо и непречено, што на крајот се почувствував како целата музика да сум ја направил во еден здив. Сево ова ми помогна да го постигнам замисленото - сѐ да звучи како една целина, една приказна.“

Тој нагласува дека креирањето оригинална музика за ревии во иднина треба да стане пракса. Модата и музиката се тесно поврзани, коегзистираат, паралелно се развиваат и надолнолнуваат. Модните ревии треба да се третираат како театарски претстави, како од продукциска, така и од креативна гледна точка. Музиката може да им даде нов контекст, нов layer, да го докаже неискажаното, потенцира Gloomie.

„Заложба на МВСК е секогаш да ги поддржува домашните дизајнери и брендови, како и да го одржи контактот со љубителите на модата, нашата публика, нашиот град. Сите сме заедно во ова. Нам обврска ни е да останеме силни и креативни во овие чудни времиња. Идејата за првото дигитално издание беше мотивирана од духот на тимот, кој заеднички одлучи дека не постојат бариери за уметноста и модата“, изјави за Kajgana.com Света Богова Јовановска, извршниот продуцент на Моден викенд Скопје по завршувањето на дигиталните презентации.

Но, ентузијазмот, за жал не го споделија сите. Не би рекла дека непокажаниот интерес кај формалните и неформалните медиуми се должеше само на состојбата со пандемијата  - па сите ние ја имавме можноста да ги следиме презентациите на новите колекции на социјалните мрежи, како модни новинари, блогери, инфлуенсери и модна публика и јавност воопшто. За првпат досега ја имавме можноста да се посветиме на модата без додадениот адреналин на физичко одржување на самиот настан што со себе понесува многу други елементи. Дизајнерите беа отворени за разговор и споделуваа информации, а тимот на МВСК беше достапен во секое време. Тогаш, што ги спречи новинарите , блогерите, инфлуенсерите  - со исклучоци, секако - да се вклучат во онлајн разговорот и да понудат поддршка и критика за она што нашите дизајнери го сработиле? По некој „лајк“ на социјалните мрежи и „честитки, супер си“ во коментар. Каде беа „експертите“ и „инфлуенсерите“ кои инаку го преплавуваат Instagram со сториња и преноси во живо кога околу нив блескаат блицови и ѕирка белата писта на која потоа позираат за нова профилна слика или спонзорирана објава?

Модната сцена има многу играчи и од сите нив подеднакво зависи каква ќе биде играта и резултатот. Со „тапкање по рамо“ не се гради квалитет, а со неучество во никој случај не може да станува збор за континуитет. Дискурсот и дијалогот мора да продолжат, конструктивната критика треба да биде императив, а ентузијазмот да не застане на тоа, туку да се потхрани, да му се подаде рака и да се гради ослободен од суета и клиентелизам. Оттука ќе можеме да зборуваме за пласман на македонскиот дизајн во странство, за етички и еколошки пристап во изработката и дистрибуцијата, за идеологии и трендови, за модна индустрија.

Со задоволство очекувам пак да се видиме на Моден викенд Скопје, каква и да биде формата во која ќе се одржи, а позирањето не ни бега.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Теми и коментари

Зошто театарот ни е потребен повеќе од кога било?

Read more

Моќта на гласачкото ливче: 5 причини зошто треба да гласате

Read more

8 Март и ослободувањето на жената – моќните приказни на жените од Македонија

Read more

Дрво по дрво: Кој ги убива белите дробови на Македонија?

Read more
 

Ново

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе
  • filter

Се продава легендарното BMW M1, проценето е до 500.000 евра

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе
  • filter

28 март 1939, завршила Шпанската граѓанска војна

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе