Каде ви се таложи салото покажува какво ви е здравјето

А.С.
/ 26.07.2022 / 13:42

Многу луѓе не сакаат одредени делови од своето тело. Иако движењето за позитивен став кон телото стана посилно во последниве години, тоа не значи дека сè уште нема некои делови од телото што ги сакаме помалку од другите.

Телото создава масно ткиво кога внесуваме повеќе калории отколку што согоруваме во текот на денот. Затоа на оние кои се обидуваат да ослабат им се советува да бидат во калориски дефицит.

Во исто време, секое тело складира масти во различни делови од телото. Затоа некои луѓе таложат сало на стомакот, други на задникот и колковите, а трети на вратот.

Д-р Сара Бери од Кралскиот колеџ во Лондон вели дека некои видови маснотии можат да го зголемат ризикот од сериозни состојби.

„Висцералните масти се метаболички активни, што значи дека го регулираат или зголемуваат производството на хемикалии кои влијаат на хроничните болести како што се воспалението и дијабетесот тип 2. Спротивно на тоа, маснотиите на бутовите и колковите се помалку метаболички активни и затоа се побенигни“, објасни таа.

Колкови и бутови

Луѓето со тело во облик на круша имаат среќа. Експертите велат дека ова е здраво место за складирање на маснотии, доколку тие не се закопани длабоко во вашите мускули.

Вработените во преведувачкиот институт за истражување на метаболизмот и дијабетесот Санфорд-Бурнам го проучувале типот на маснотии пронајдени на колковите. Водечкиот истражувач д-р Стивен Смит рече дека складирањето маснотии во овој дел од телото може да го намали ризикот од срцеви заболувања и дијабетес. Тој додаде дека жените кои имаат срцев удар, во просек имаат повеќе сало на стомакот отколку на бутовите.

Гради

Повеќето луѓе сметаат дека големите гради кај жените се позитивни, но експертите откриле дека поголемиот обем може да го зголеми ризикот од болести.

Во 2008 година, лекарите открија дека жените во нивните 20-ти години со поголеми гради се изложени на зголемен ризик да им биде дијагностициран дијабетес во следните 10 години. Во 2012 година, тим од научници утврди дека големите гради сами по себе не претставуваат ризик, но тие може да значат дека сте изложени на поголем ризик да развиете висцерална маст.

Научниците веруваат дека жените со поголеми гради маат поголема веројатност да развијат рак на дојка без оглед на возраста, историјата на бременост и доење и генетското потекло.

Можете да си помогнете со одржување на здрава тежина, намалување на консумацијата на алкохол и проверување на вашите гради за грутки или вдлабнатини и промени во вашите брадавици, како што се осип, исцедок или разлики во големината и обликот. Ако сте загрижени, разговарајте со вашиот лекар.

Стомак

Висцералните маснотии се еден од најопасните видови маснотии што можете да ги имате. Го зголемува ризикот од срцеви заболувања, мозочен удар и рак. Исто така, може да го зголеми ризикот од состојби како што се депресија, деменција и дијабетес.

Луѓето со повеќе сало на стомакот имаат тело во облик на јаболко. Тоа значи дека половината им е поголема од колковите. Жените кои имаат ваков тип на тело се изложени на поголем ризик од срцев удар од мажите.

Истражувачите од Универзитетот во Оксфорд откриле дека поголемиот струк, поголем сооднос меѓу половината и колковите и половината до висината ги ставаат жените на 10 до 20 отсто поголем ризик од срцев удар.

Експертот за обликување на телото Жаки Фенер вели: „Луѓето со тело во облик на јаболко често имаат вишок маснотии во средината и над половината. Иако можеби е полесно да се губат килограми во горниот дел од телото отколку во колковите или бутовите, вишокот маснотии околу половината или стомакот може да биде опасен за вашето здравје“.

Таа препорачува да останете фит и здрави со следење на внесот на јаглехидрати и јадење оброци со повеќе протеини. Пливањето, возењето велосипед и трчањето се исто така одлични тренинзи за да го одржите вашето срце здраво.

Врат

Истражувачите велат дека колку е поголем вратот, толку е поголема веројатноста да имате премногу холестерол. Една неодамнешна студија покажа дека обемот на вратот е исто така поврзан со поголем ризик од срцеви заболувања.

За преголем обем на вратот се смета 35 сантиметри или повеќе за жени и 43 сантиметри или повеќе за мажи.

Салото на вратот е ризично бидејќи лекарите велат дека може да биде добар показател за создавање маснотии во горниот дел од телото. Маснотиите на вратот може да го зголемат ризикот од кардиоваскуларни болести и да ги притиснат дишните патишта, што ве прави посклони кон проблеми како апнеја при спиење.

Хормоните влијаат на таложењето маснотии

Според оформувачите на телото, Катри Петерсон и Жаки Фенер, млитавите раце можат да бидат предизвикани од вишокот тестостерон, додека стомачетпо може да биде резултат на кортизол. Поголемиот задник би можел да биде резултат на премногу естроген, а „спојлерите“ може да бидат предизвикани од инсулинот, пишува The Sun.

реклама

Грците бесни на бојата на новите кошаркари: Ова не е наша репрезентација

Read more

Короната има нов симптом - заразените не се ни свесни дека е од вирусот

Read more

Ален Исламовиќ не се вика Ален, си го сменил името за подобра кариера

Read more

Цените на нафтата паднаа на најниско ниво од февруари

Read more

Фит

Ослободете се од подбрадокот со неколку лесни вежби

Read more

Не се откажувајте од храната, туку јадете умерено

Read more

Како правилно да вежбате по 40-тата година?

Read more

Работите од дома? Заменете ја столицата со пилатес топка

Read more
 

Магазин

Како пржената риба да биде крцкава и вкусна, а да не впие масло?

Читај повеќе
  • play_arrow

Разјаснет небесниот феномен кој го сними пилот во лет

Читај повеќе

Кои се ментално најсилни хороскопски знаци?

Читај повеќе

Kакви промени може да очекувате ако ја исфрлите солта од исхраната?

Читај повеќе

Осумката е ангелски број: Што носи денешниот датум 08.08?

Читај повеќе

Љубовна математика: Пресметајте ја долната граница на разлика во годините

Читај повеќе

Како се менува мажот кога ќе стане татко?

Читај повеќе
  • play_arrow

Ослободете се од подбрадокот со неколку лесни вежби

Читај повеќе

Како да го средите домот за 30 минути?

Читај повеќе