Каде во светот може најлесно да се збогатите?

Норвешкиот социолог и аналитичар Харалд Еја со години се занимава со анализи на богатите луѓе и светската распределба на богатство. Едно од првите прашања со кои се занимава е каде во светот е најлесно човек да се збогати.

Во социолошките и економски истражувања, Еја дошол до неколку заклучоци.

Одговор на еден социолог

На самиот почеток на истражувањето на оваа тема го добил првиот конкретен одговор и тоа од негов почитуван професор по социологија.

„Ако целта во животот ти е да се збогатиш, најдобро би било да се родиш во општество каде пазарот е слободен, каде даноците се мали и интервенциите на државата се минимални. И секако, не би требало да студираш социологија ако сакаш да се збогатиш“.

Одговор на економист

„Пред да ви кажам каде во светот е најлесно да се збогатите, би било добро пред се да го дефинирам поимот „богатство“. Според еден од извештаите на Wealth Report 2014, богат е поединец чија нето вредност е поголема од 30 милиони долари. Ги викаме и ултра богати луѓе. Според овој критериум, во светот сега има над 170.000 ултрабогаташи, а првите пет земји кои можат да се пофалат со најмногу богат луѓе се: САД (40.000), Јапонија, Германија, Велика Британија и Кина“, напиша Харалд во 2018 година откако го заврши истражувањето.

Богатство по глава на жител

Каква е сликата ако се пресмета бројот на ултра богати по глава на жител?

„Ако не се земат предвид земјите кои се даночен рај како што се Кипар, Швајцарија, Хонгконг, Сингапур или Монако, сликата во светот со бројот на богаташи на милион жители е следна: Норвешка, Шведска, Нов Зеланд, Канада, Данска (179 ултра богати на милион жители). Каде се САД на листава? На безбедно 13 место“, вели Еја.

Кога милијардерите се тема, бројките се менуваат. Ако под богатство се подразбира нето вредност од милијарда долари, според Forbes, на петтото место е Германија (1,2 милијардери на милион жители), на четврто место се САД, на трето Норвешка, на второ Шведска и на прво Исланд.

Како светот дојде до ваква распределба каде скандинавските земји станаа погодни опкружувања за зголемување на бројот на ултра богаташи?

„Ова е мистерија“, заклучи социологот и од истражувањето наведе две клучни причини.

Првата причина која е клучна кога се зборува за земји погодни за збогатување е бесплатното образование.

„Слободното високо образование за сите и поволните студентски кредити ги мотивираат луѓето да ги користат своите таленти и заработуваат пари. Истражувањата потврдуваат дека поради ваквото образование во скандинавските земји има голем број на успешни и богати луѓе за разлика од САД.

Во Данска дури 14 проценти од богатите успеале од нула да направат многу пари. Во САД образованието е многу скапо“, наведува социологот.

И втората причина лежи во споредба со САД.

„Ако сте во САД и купувате намирници, на каса има и вработени кои ќе ви помогнат купените продукти да ги спакувате во кеса. Во Норвешка за тоа немате никаква помош. Сами ги вчитувате кодовите на производите и сами плаќате. Ако плаќате патарина во САД, во кабина ќе затекнете човек кој ќе ви наплати. Скандинавците користат електронска наплата.

Дури и ако одите во тоалет во САД и таму ќе наидете на вработени. Во скандинавските јавни тоалети нема вработени, дури и тоалетите сами автоматски се чистат по употреба.

Виновник за поинаквиот пристап на многу услуги се скандинавските синдикати. За да се постигнат барањата за минимална плата, скапо е еден супермаркет да има вработено пакувач или чистач на јавен тоалет. Нивната плата би требало да биде трипати поголема за истата позиција во САД и затоа машините мораа ја преземат работата. Новата технологија ја зголемува продуктивноста во општеството, која на подолг рок ја зголемува и заработката“, смета Еја.

Најлесно збогатување

Според истражувањето на овој ценет социолог, три точки во скандинавското опкружување се клучни ако сакате да се збогатите: високи даноци кои обезбедуваат бесплатно или поволно образование и вклучување на талентирани луѓе во економијата, силни синдикати кои не се откажуваат од борбата за зголемување на продуктивноста, великодушни држави кои ги тераат синдикатите да прифатат намалување на бројот вработени бидејќи во тој случај секој поединец ќе биде добро згрижен.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Живот

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе