Каде завршуваат најлошите половни возила од Западна Европа?

Честопати се жалиме на „крш“ автомобилите од Западна Европа завршуваат на улиците низ Балканот, но има голем број на користени автомобили што не се ни за пазари како нашиот.

На пример, се проценува дека дури 20.000 автомобили што се извезуваат од Холандија во Африка секоја година, со оглед на нивната состојба треба да одат директно на отпад.

Ова е како да го чистите вашиот двор, а ѓубрето да им го фрлате на соседите. Битно вашиот двор е чист.

Каде одат, на пример, половните автомобили од Германија постари од 14 или 15 години? Во Бугарија, Романија, Србија, а некои од нив својата загадувачка трага ја оставаат и на нашите патишта.

Но, тоа не е ништо во споредба со главната извозна струја. Во контингентот што оди во Африка има и автомобили кои никогаш нема да се вратат на патиштата, туку ќе ги остават таму на еден од големите паркинзи.

Според Програмата за животна средина на ООН (UNEP), Африка е загадена од поплавата отфрлени користени автомобили од индустриски развиените земји.

„Милиони користени автомобили, комбиња и минибуси извезени од Европа, Јапонија и САД во земјите во развој значително придонесуваат за загадувањето на воздухот и ги попречуваат напорите за ублажување на ефектите од климатските промени“, се вели во извештајот на UNEP објавен завчера.

Помеѓу 2015 и 2018 година, низ целиот свет биле извезени дури 14 милиони користени автомобили, од кои околу 80 проценти завршиле во сиромашните земји.

„Повеќе од половина отидоа во Африка“, пишуваат авторите на студијата. Сепак, еден дел оди и во Источна Европа, Блискиот исток, Азија и Латинска Америка.

ООН повикуваат оваа практика веднаш да се прекине за да не се загрозат поставените климатски цели.

„Индустријализираните земји мора да престанат да извезуваат возила што не ги поминуваат тестовите за заштита на животната средина или безбедноста и повеќе не се сметаат за соодветни за сообраќај во нивните земји на потекло, додека земјите увознички треба да воведат построги стандарди за квалитет“, вели директорот на UNEP, Ингер Андерсен, во извештајот во кој се опфатени 146 земји низ целиот свет.

Анализата покажа дека две третини од испитаните земји имаат само слаби или многу слаби ограничувања на увозот на користени автомобили.

Затоа Обединетите нации покренаа иницијатива за утврдување минимални стандарди за увоз на користени автомобили, додека бројот на извезени возила испорачани од Европа се проценува на околу еден милион годишно.

Западноафриканската конфедерација Ecowas штотуку објави нови стандарди за горивата и користените автомобили. Планираниот договор за слободна трговија во Африка, кој треба да го отвори патот за нов најголем единствен пазар во светот со 1,2 милијарди луѓе, се смета за можност за ограничување на европскиот извоз на автомобили што веќе не се во функција.

На германскиот брег на Северното Море, терминалот за извоз на европски користени автомобили во Африка започна да работи пред само еден месец. Скоро 60.000 автомобили годишно треба да се испраќаат оттука во Северна Африка.

Холандија исто така се смета за важен центар во Европа. Повеќето од овие користени возила веќе не се регистрирани за сообраќај. Честопати тоа се рѓосани автомобили кои завршија во Нигерија и во други западноафрикански земји, а во Европа веќе никој не можеше да ги продаде.

Во просек, тие имаа 16 до 20 години и повеќе не ги исполнуваа стандардите за емисиии на шетни гасови на Euro 4. Се проценува дека дури 20.000 автомобили што се извезуваат годишно од Холандија во Африка, поради состојбата во која се наоѓаат, треба да одат на отпад и под преса.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Авто новости

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Read more

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Read more

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Read more

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Read more
 

Автомобили

  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Читај повеќе
  • filter

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Читај повеќе

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Читај повеќе

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Читај повеќе

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе
  • filter

Peugeot конечно го покажа тајниот прототип 208 Cabriolet

Читај повеќе

BMW со првите фотографии го најави претстојното доаѓање на новиот X3

Читај повеќе