ЕВРОПСКО АТЛЕТСКО ТИМСКО ПРВЕНСТВО ТРЕТА ЛИГА СКОПЈЕ 2019

Каевски: Сакаме да го вратиме сјајот на атлетиката во нашата држава

Скопје, 6 август 2019 (МИА) – Претседателката на Атлетската федерација на Македонија Александра Војнеска Зикова и директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски одржаа заеднича прес-конференција по повод организацијата на Европското екипно атлетско првенство трета лига кое на 10 и 11 август ќе се одржи во Скопје.

Директорот на АМС очекува во периодот што следува атлетиката во нашата земја да биде подигната на едно повисоко ниво. Прва можност за популаризација на „кралицата на спортовите“ во Македонија е токму претстојниот Европски екипен шампионат.

– Една од најголемите заложби на Агенцијата за млади и спорт е организирање на големи манифестации кои што не само го промовираат спортот туку и убавините на нашата земја. Со организација на ова ЕП го ставаме Скопје на спортската светска мапа кој ќе биде домаќин на преку 430 учесници од повеќе од 14 земји. Во соработка со Атлетската федерација и во иднина ќе правиме вакви и слични активности со цел да ја вратиме атлетиката на пиедесталот на спортови во нашата држава, изјави Каевски на денешната прес-конференција.

Македонија на европскиот шампионат ќе ја претставуваат 26 атлетичари, од кои најмногу се очекува од Јован Стојоски, Дрита Ислами и Дарио Ивановски.

Претседателката на АФМ соопшти дека сѐ е подготвено за евро-шампионатот. Таа упати апел до вљубениците во атлетиката и спортот воопшто во голем број да дојдат на стадионот и со своето присуство да го збогатат овој меѓународен настан.

Најголеми фаворити за влез во втората лига се Исланд и Србија, а покрај нив ќе учествуваат и натпреварувачи од Албанија, Азербејџан, Андора, Босна и Херцеговина, Гиблартар, Ерменија, Косово, Лихтенштајн, Молдавија, Монако, Сан Марино и Црна Гора.

Натпреварите ќе се одржуваат на Националната Арена „Тоше Проески“.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Останати спортови

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more
 

Спорт

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе