Кафето е спас во кратките зимски денови

Научниците тврдат дека кафето го подобрува расположението во периодот кога деновите стануваат кратки и се соочуваме со недостаток на дневна светлина, но постои „правило“ како треба да се пие.

Ноќта меѓу саботата и неделата ги свртевме часовниците еден час наназад, што значи дека следува пократки денови и недостаток на дневна светлина.

Ова може да има многу негативно влијание врз расположението и да доведе до таканаречена зимска депресија, или сезонско афективно нарушување.

Истражувањето финансирано од Институтот за научни информации за кафе го истражуваше влијанието на начинот на живот и исхраната врз расположението и се покажа дека дури 28% од возрасните ширум Европа имаат симптоми на депресија и исто толку велат дека се чувствуваат тажно кога деновите стануваат пократки.

Еден од пет учесници изјавил дека пиењето кафе му го подобрило расположението, а истражувањето покажало дека внесувањето на 75 милиграми кофеин, односно една шолја кафе, на секои четири часа во текот на денот навистина може да го подобри расположението.

Истражувањето во која учествувале 5.000 возрасни од Обединетото Кралство, Финска, Германија и Полска исто така покажа дека луѓето стануваат поанксиозни во овој период од годината, имаат потешкотии да се концентрираат, немаат мотивација за вежбање и се помалку физички активни.

Научните истражувања покажаа дека здравата исхрана и редовната физичка активност можат да го подобрат расположението, а според новите резултати - помага и кафето. Овој омилен пијалак кој се консумира ширум светот, придонесува за подобро расположение, но добро влијае и на когнитивните способности и ја зголемува будноста.

„Постојат докази дека полифенолите во кафето можат да ги зголемат антиневроинфламаторните ефекти и да промовираат неврогенеза (создавање нови нервни клетки), а со тоа го намалуваат ризикот од когнитивни и афективни нарушувања“, вели професорот Џузепе Гросо.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Здравје

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Која храна ги подобрува концентрацијата и расположението?

Read more

Најдобрите здравствени придобивки од пиењето кафе без кофеин

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе