Кај членови на едно семејство од 10 позитивни, само еден е со симптоми

МИА
/ 05.06.2020 / 18:05

Министерот за здравство Венко Филипче денеска нагласи дека 90 проценти од новодијагностицираните пациенти се асимптоматски носители на коронавирусот, а останатите 10 посто имаат сосем лесна симптоматологија.

Тој, на денешната прес-конференција, како пример посочи дека кај членови на едно семејство од десетина тестирани само еден има позитивен тест со сосем лесни симптоми, додека останатите девет се асимптоматски носители.

– Што ни покажаа првичните резултати кога повторно почнаа да доаѓаат случаи во рамките на семејствата околу оние семејни настани околу 24/25 мај и неколку денови претходно дека има еден одреден процент асипмотиматски носители. И заради тоа интензивно ги истестиравме сите примарни контакти на претходно дијагностицираните, околу 15 семејства се тоа во Скопје огромен дел од новодијагностицираните се тука. Но, 90 посто се асимптоматски, другите имаат сосем лесна симпотамтологија, вели Филипче.

Тој соопшти дека прво морале да го проценат капацитетот на болеста да прерасне во тешка, што, како што вели, не се случува изминативе две недели.

– Значи има податок дека вируленцијата опаѓа, но во исто време знаеме дека не е здравствениот систем во ризик. Затоа се зголемија тестирањата, затоа се тестираа и примарните кконтакти во семејствата кои немаат апсолутно никакви симптоми. И сега имаме јасна слика, додаде Филипче.

Тој соопшти дека нема ниту еден пациент на респираторна машина.

 

Ново

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе