Кајгана fun with flags: Епизода 3 - Босна и Олимпијадата

Филип Здравески
/ 18.11.2022 / 12:47

Знамето на Босна и Херцеговина е едно од поновите во светот, а зад неговото меѓународно огнено крштевање се крие интересна анегдота.

Кога на Зимските олимписки игри 1998 година во јапонскиот град Нагано на свечената церемонија на отворањето излезе делегацијата на Босна и Херцеговина, светот за прв пат го виде новото знаме на оваа држава.

Овие ЗОИ не беа први за Босна и Херцеговина бидејќи државата учествуваше четири години претходно во норвешки Лилехамер, но тогаш под старото знаме кое ја идентификуваше само бошњачката заедница. 

Босанската делегација со старото знаме во Лилехамер

Новото знаме, кое оваа балканска држава го користи и ден денес, беше усвоено на 4 февруари 1998 година, само три дена пред почетокот на Игрите во Нагано. Дизајнот е на Младен Колобариќ, а главен поборник за неговиот избор беше високиот претставник за Босна и Херцеговина, Шпанецот Карлос Вастендорп.

Од тие причини ниту самиот Интернационален олимписки комитет не беше сигурен како точно изгледа знамето и дали ќе биде точно погодено на церемонијата на отворањето. Педантните Јапонци не погрешија, единаесеттемина Босанци продефилираа под своето ново знаме за кое ни самите не знаеја како точно изгледа, а целиот свет за прв пат го виде новото знаме на оваа екс-ју република.

Босанците со штотуку усвоеното знаме во Нагано
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Вести

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе