Кајгана fun with flags: Епизода 6 - многубојни знамиња

Постојат само три знамиња на независни држави кои содржат повеќе од пет бои, не вклучувајќи ги боите на грбовите кои некои знамиња ги имаат.

Јужна Африка

Знамето на најјужната африканска земја има 6 бои: црна, златна, зелена, црвена, бела и сина. Знамето беше усвоено на 27 април 1994 година по падот на апартхејдот. Дизајнот е инспириран од знамето на Јужноафриканската Република која постоела од 1852 до 1914 година и од знамето на социјал-демократската партија на државата - Африкански национален конгрес.

Јужен Судан

Знамето на најновата африканска држава содржи исто така 6 бои: црна, сина, жолта, бела, црвена и зелена. Ова е едно од најновите знамиња во светот, усвоено на 9 јули 2005 година, веднаш по потпишувањето на мировниот договор со кој се заврши Втората суданска граѓанска војна. Всушност, ова знаме е постаро од држават која го употребува со оглед на тоа што Јужен Судан стана независна држава во 2011 година, кога се одвои од Судан.

Доминика

Единственото знаме во светот кое има 7 бои е она на карипската островска држава Доминика: зелена, жолта, црна, бела, црвена, виолетова и кафена. Црвениот штит во кој се наоѓа папагалот не е грб на државата. Сличен дизајн на знамето се употребува од 1978 година, но трипати бил менуван, а денешната верзија датира од 1990. Доминика е една од трите држави во светот заедно со Ел Салвадор и Никарагва која на своето знаме има виолетова боја. Папагалот од видот сисеру живее само во оваа држава и може да се сретне во сина и виолетова боја, а Доминиканците намерно ја избрале втората за нивното знаме да биде едно од ретките кое ја има оваа боја. Седмата боја, кафената, е нечиси неприметлива - се работи за гранката на која стои папагалот.

реклама

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Read more

Скандалозно исфрлен фоторепортер од Ролан Гарос

Read more

Во заедничка акција на македонската и грчката полиција запленет 161 кг кокаин во Солун

Read more

Олово, кадмиум и арсен се пронајдени во домат и крставица на македонскиот пазар

Read more

Чек дис аут

Мечка влегла во пекара, ги исплашила вработените и изела 60 колачи

Read more

Соборен интересен рекорд: Flight Radar објави колку авиони имало на небото во еден ден

Read more

Некој меѓу нас не е наш...

Read more

Работи што е тешко да ги правиш додека трчаш

Read more
 

Магазин

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Читај повеќе

Докопан во сос од бело вино и сенф

Читај повеќе

Правна држава е ова

Читај повеќе

Мечка влегла во пекара, ги исплашила вработените и изела 60 колачи

Читај повеќе

Шненокле - едноставен десерт со 5 состојки што ги имате дома

Читај повеќе

Соборен интересен рекорд: Flight Radar објави колку авиони имало на небото во еден ден

Читај повеќе
  • play_arrow

Некој меѓу нас не е наш...

Читај повеќе

Зошто мажот не се одлучува на брак, иако е заљубен?

Читај повеќе

Секое лето различен цвет: Трик за хортензиите магично да менуваат боја

Читај повеќе