[КАЈГАНА интервју] Себастијан Ерера - наскоро колумбиски шмек во репрезентацијата на Македонија?

Пет години ги брани боите на Работнички и важи за еден од најдобрите играчи во домашната лига. Колумбиецот Ерера сега и според правилата на ФИФА почна да чука на вратата од македонската репрезентација.

Пролетта 2015 година во тимот од Дебар Маало пристигнува на проба група од неколкумина млади колумбиски фудбалери. Под будното око на тренерот Игор Ангеловски, сега селектор на Македонија, тестот го поминуваат само двајца: латералниот бек Себастијан Ерера Кардона (Sebastián Herrera Cardona) и централниот дефанзивец Александер Борха Кордоба. Таа сезона Работнички го освои купот, но Колумбијците немаа право на настап и беа регистрирани тек за наредната сезона.

Токму Ерера, чие презиме македонските медиуми и натаму го грешат именувајќи го како Херера иако во шпанскиот јазик гласот на буквата Х (H, Herrera) е нем, бранејќи ги црвените бои успеа да се наметне како најдобар лев бек во македонската лига, често пати завршувајќи во тимот на колото, на месецот и на сезоната. Веќе во Работнички ја има и улогата на заменик капитен.

Сепак, во поглед на начинот на живот нам чекорот од Колумбија со Македонија ни изгкледа голема промена. Токму затоа решивме на Ерера да му поставиме серија прашања кои тој со задоволство ги одговори откривајќи интересни работи. Македонски разбира и зборува, иако сѐ уште не ја совладал кирилицата.

Како го почна животот во Скопје? Дали има сличности овдешниот живот со оној во Колумбија?
Две години живеев во Чаир, две години кои ми послужија да научам многу за земјата и за околината во која живеам. Многу е слично како во Колумбија, секоја личност тука има некоја неизмерна радост во себе.

Што најмногу ти недостига од Колумбија? Нормално, покрај фамилијата.
Добро, фамилијата е на прво место, но потоа следуваат пријателите. Ми фалат деновите поминати со нив.

Она во кое се сомневавме е дека Себастијан знаел каде всушност доаѓа кога се упатил кон Македонија.

Кога првпат слушна дека ќе доаѓаш во Македонија, што си помисли? Знаеше ли воопшто каде одиш?
Беше многу чудно кога ме прашаа дали би сакал да играм во Македонија. Нормално, појма немав каде се наоѓа бидејќи ние што живееме во Јужна Америка не дознаваме многу за она што се случува во Европа. Сепак, не му ја мислев многу дали да дојдам.

Со кого најмногу се дружиш во Работнички надвор од зелениот терен?
Со секоја година што поминува, бројот на пријатели се зголемува. Но, најмногу време минував со Дуле Трајчевски и за тоа треба многу да му се заблагодарам. Исто и со Дамјан Шишковски. Тие двајца најмногу ме дружеа тука.

Душко Трајчевски, инаку дефанзивен играч од средината, му беше соиграч на Ерера до летото 2018 кога направи трансфер на Кипар, во редовите на Алки. Од минатото лето се префрли во Докса. Голманот Дамјан Шишковски, пак, е дете на „Романтичарите“. Го дружи Ерера и ден денес, со исклучок на оние шест месеци кои ги мина во белгиски Гент и лани кога го чуваше голот на финските екипи Лахти и РоПС.

Во Работнички најчесто играш како лев бек. Дали отсекогаш си играл на таа позитиција и на која друга би можел да играш по потреба?
Да, таа е моја природна позиција. Но, имам играно и како десен бек, а немам проблем и со играњето и како централен.

Иако дефанзивец, често оди напред. Сезонава има забележано 5 асистенции без постигнат гол. Досега во 1.МФЛ има одиграно вкупно 108 натпревари, 7 постигнати голови и 16 асистенции. Има настапи и во квалификациите од Лига Европа и Купот на Македонија, како и 1 настап во македонскиот Суперкуп во 2015 кога Работнички загуби на пенали од Вардар.

Remote video URL

Кој натпревар на кој си играл засекогаш ќе го памтиш како омилен?
Финалето во Купот на Македонија против Шкендија.

Иако тоа финале му е омилен натпревар на Ерера, сепак неговиот тим тогаш загуби и не се закити со драгоцениот пехар. Тоа куп финале се играше на 16 мај 2016 година, а тетовчани победија со 2:0 на тогаш „Филип II“ во Скопје. Себастијан ги одигра комплетните 90 минути.

Remote video URL

Дали имаш омилен клуб од Колумбија за кој навиваш? Каков е квалитетот на фудбалот таму и со која европска лига би ја споредил колумбиската?

Ерера во дресот на Депортиво Пареира

Фудбалот во Колумбија достигна едно многу високо и тешко ниво. Да се игра таму е многу убаво бидејќи амбиентот на трибините е нешто посебно. Мој омилен клуб е Атлетико Насионал, како и Депортиво Пареира, клубот каде што го направив моето деби како професионалец. Кога би споредувал со некоја европска, мислам дека колумбиската лига најмногу сличности има со белгиската.

Атлетико Насионал од градот Медељин е еден од трите клуба кои никогаш не испаднале од најдобрата колумбиска лига, заедно со Миљонариос и Санта Фе. Има 16 титули шампион на Колумбија, 4 титули во купот и 2 пати освојувач на Копа Либертадорес од кои последниот во 2016 против изненадувањето Индепендиенте дел Ваље од Еквадор. Важи за најпопуларен колумбиски клуб.

Депортиво Пареира е помал клуб. Бил шампион во втората лига која ја освои и лани па сезонава е дел од најдобрата лига.

Доколку направиш споредба на колумбиската со македонската храна, колку е различна? Кое е твоето омилено колумбиско јадење, а кое македонско?
Па и нема баш многу разлика, многу работи се идентични како во Колумбија, па затоа и немам проблеми. Моето омилено колумбиско јадење е бандеха паиса (bandeja paisa), додека тука во Македонија омилено ми е скара со пиво и да биде на село хахаха.

Наредната година токму Колумбија ќе биде кодомаќин на Копа Америка, заедно со Аргентина. Всушност, првенството требаше да се игра сега, во јуни, но како и ЕУРО, беше одложено за 2021 година. Поделени географски, се наоѓа во прилично незгодна група со Бразил, Еквадор, Перу, Венецуела и гостинот Катар. Колумбија ќе ја брка само втората титула шампион на континентот, а единствената им е во 2001 кога исто така беа организатори и го победија Мексико со 1:0 со голот на дефанзивецот Иван Кордоба.

Што мислиш за шансите на Колумбија да стане шампион на Јужна Америка?
Имаме една многу добра генерација со одлични фудбалери. Ќе биде многу интересно првенство и дај Боже Колумбија да успее да биде сериозен претендент за трофејот.

Кој е твојот омилен колумбиски фудбалер?
Немам некој посебно омилен играч од Колумбија, сите фудбалери ми се интересни. 

Дали имаш одено на стадион да ја гледаш репрезентацијата на Македонија во некои од квалификациските или пријателските натпревари?
Секако дека одам, секогаш кога можам. Имам пријатели кои се репрезентативци и треба да им дадам поддршка.

Себастијан веќе 5 години живее во Македонија. Според правилата на ФИФА, ги исполнува условите за да заигра за нашата репрезентација, нормално, доколку има желба за такво нешто, а со оглед на неговиот квалитет, воопшто нема да биде изненадување доколку селекторот Игор Ангеловски веќе на следните натпревари му упати повик.

Дали си размислувал да играш за Македонија? Каков ќе биде твојот одговор доколку добиеш повик?
Нормално, јас и го очекувам тој голем момент и напорно работам за да добијам повик. Којзнае дали сум блиску до повик или не, но како и да е, мислам дека селекторот знае дека можам да бидам дел од репрезентацијата така што јас продолжувам да работам напорно за да се изборам за повик.

Каде се гледаш во иднина? Можеби би сакал да се пробаш во некоја посилна европска лига?
Секогаш работев за да стигнам до тука. Но, и тоа како би сакал да пробам да играм и во некоја друга европска лига, било каде. Би ми било задоволство.

На Себастијан му се заблагодаруваме за одвоеното време и му посакуваме долга и бериќетна кариера. Па можеби и ќе го видиме во црвено-жолтиот дрес наесен.

Фото: ФК Работнички Скопје

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Интервју

КАЈГАНА ЕКСКЛУЗИВА со Срѓан Драгојевиќ: Од поезија до филм и учеството на Саем на книга во Скопје

Read more

Дарија Андовска, деканка на ФМУ: Интелектуалецот треба и мора да биде општествено ангажиран

Read more

Монументалната архитектура како уметничка скулптура низ објективот на Ерина Богоева

Read more

Надија Реброња: Во Скопје се шета по ритамот на музиката на уличните музичари, а низ Вардар тече поезија

Read more
 

Ново

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе
  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе