Кајгана избор: Најдобрите нови серии што треба да ги гледате во 2019

Годинава што изминува имаше богата понуда на нови ТВ-серии. Netflix и HBO значително „растураат“ со понуда, а во 2018 година понудија нови серии што со нетрпение ги гледаме или чекаме да ги гледаме.

Со поприлично густиот распоред на премиери и трејлери што ветуваат напната приказна и забавни, но длабоки дијалози, беше тешко да се направи избор за да се следат сите серии со достојно внимание.

Сепак, го направивме овој потесен избор во кој веруваме ќе се најде по нешто за секого. Погледнете ги трејлерите и одберете кои од овие серии ќе ви бидат омилената занимација и тема на разговор во 2019 година.

Killing Eve

Визуелно совршена мод(ер)на приказна за две навидум сосема различни жени – Ив, неконвенционална и интелигентна агентка на МИ5 која не влегува во радарот на нејзините шефови и се убедува дека животот не ѝ е здодевен, сѐ додека не се појави ладнокрвната и шармантна Виланел, платен убиец која е фасцинирана со Ив. Опсесијата меѓу двете жени станува взаемна во овој возбудлив акционен шпионски трилер што е сѐ само не предвидлив.

Homecoming

Американски психолошки трилер со Џулија Робертс во главната улога на Хајди Бергман, поранешна социјална работничка во Homecoming Transitional Support Center, установа што им помага на војниците да се вклопат во сеојдневниот живот како цивили откако биле на мисија. Таа се дистанцира од стариот живот и работата, но тоа не значи дека нема да се вратат да ја прогонуваат.

Maniac

Приказните на Ени Ландсберг (Ема Стоун) и Овен Милгрим (Џона Хил) се преплетуваат откако ќе станат дел од мистериозен фармацевтски експеримент. Типично – нештата не се одвиваат според планот.

Forever

Џун и Оскар живеат удобен, но прилично предвидлив брачен живот, кога одеднаш ќе се најдат во сосема неочекувана ситуација што ќе ги натера да размислуваат поинаку за љубовта и бракот. Forever е оригинална, прониклива и потресна комедија за љубовта, псветеноста, бракот и разбирањето што ќе ве натера и вие да си поставите многу прашања за кои сте се плашеле да ги дознаете одговорите.

Uspjeh

Тројца странци ги врзува несреќен сплет на околности, кога ќе се обидат да помогнат на жртва на насилство. Како последица на нивните дела ќе почнат да се вовлекуваат во секој аспект од нивните животи и овие сосема обични луѓе со сосема различно потекло и животни приказни решаваат да ја вратат контролата врз сопствените животи.

Uspjeh е мрачен увид во различните структури на денешното општество раскажан преку приказните на обични луѓе кои истото тоа општество ги довело до работ.

реклама

Што е амониум нитрат – соединението што наводно го крена Бејрут во воздух?

Read more

Трогателна снимка од Бејрут: Татко го заштитува синот од силните експлозии

Read more

Како мастурбацијата влијае на здравјето?

Read more

Пандемијата ќе биде под контрола за четири до осум недели ако сите почнат да носат маска  - веднаш

Read more

Филм & ТВ

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Ева Лонгорија има 45 години и изгледа неверојатно

Read more

Наја Ривера се удавила за неколку минути, покажа официјалниот извештај

Read more

Искрен трејлер за „E.T. the Extra-Terrestrial“

Read more

Сцена

  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

Ева Лонгорија има 45 години и изгледа неверојатно

Читај повеќе
  • play_arrow

Руски рапер пронајден исечен на парчиња во замрзнувач

Читај повеќе

Наја Ривера се удавила за неколку минути, покажа официјалниот извештај

Читај повеќе
  • play_arrow

Искрен трејлер за „E.T. the Extra-Terrestrial“

Читај повеќе
  • play_arrow

„Star Trek: Discovery“ продолжува наесен

Читај повеќе

Дуа Липа најави нов сингл со Мадона и Миси Елиот

Читај повеќе
  • play_arrow

Трејлер за воениот филм „The Resistance Fighter“

Читај повеќе
  • play_arrow

Документарци кои совршено го отсликуваат светот во кој живееме

Читај повеќе